36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Каков абер од Турција му носи Мурат на Ахмети?

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска се сретна со пратеникот на Европскиот фронт од Движењето за права и демократија на Турците во Северна Македонија, Салих Мурат, при што разговараа за парламентарната соработка и зацртаните активности во наредниот период.

На средбата биле разгледани ангажманите на Мурат и пратеничката група во Собранието, тековните и идните законодавни иницијативи, како и политичката координација во рамки на коалицијата Европски фронт, објави Ахмети.

„Остварив значајна и продуктивна средба со пратеникот на Европскиот фронт – Движењето за права и демократија на Турците, Салих Мурат. Разговаравме за работата во Собранието, претстојните чекори и легислативни иницијативи, како и за впечатоците од неговата неодамнешна официјална посета на Турција“, напиша Ахмети на социјалните мрежи.

Средбата доаѓа по посетата на Мурат минатата недела во Анкара, каде што се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и министерот за надворешни работи Хакан Фидан.

Во објава на Фејсбук, Мурат истакна дека имал „многу значаен разговор“ со претседателот Ердоган, кого го нарече „пријател и брат на Република Турција“, додавајќи дека турскиот претседател испратил поздрави до народот на Македонија, особено до припадниците на турската заедница.

Мурат додаде дека ја обновил поканата до турскиот претседател за официјална посета на Северна Македонија.

За време на престојот во Турција, Мурат се сретнал и со високи функционери на владејачката АК партија, меѓу кои и поранешниот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ефкан Ала. Според него, разговорите биле конструктивни и пријателски, фокусирани на состојбата на турската заедница во Балканот, меѓународниот контекст и улогата на Турција во регионот.

„Оваа посета ја посветувам на пријателството меѓу Македонија и Турција, како и на нашите сонародници“, напиша Мурат, изразувајќи благодарност до турските домаќини за, како што рече, покажаниот интерес и ангажман.

Мурат се оценува дека има пријателски односи со Ердоган и останатите турски клучни фигури.

Ахмети и Мурат, според објавата, разговарале и за претстојните локални избори и за можните кандидати за градоначалници и советници од редовите на Европскиот фронт.

 

 

Related posts

Ковачевски: Ова не е прва посета на Ескобар, нема да биде ни последна

admin

Руте: Европското вооружување ќе отвори 195.000 работни места во Америка

admin

По 20 години чекање стартува Скопје-Блаце: Курти и Мицкоски заедно на камен-темелникот

admin

Слободно договарање наместо обемна регулатива: Работата од дома сè поатрактивна, но државата да внимава на правото на избор

admin

ДУИ обвинува за понижување, АА бара истрага за донацијата од српска компанија во Тетово

admin

Кинеската војска открива авионски иновации

admin