13.8 C
Скопје
9 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ДУИ: ОВК е сè за Албанците, а не ништо, министерке Јаневска!

ДУИ реагираше на изјавите на министерката Јаневска. Од оваа политичка партија велат: „ОВК е сè за Албанците, а не ништо, министерке Јаневска!“

„Изјавите на министерката за образование, Весна Јаневска, претставуваат тешка навреда за Албанците во Северна Македонија и обид за бришење на историската меморија и жртвите на албанскиот народ. Да се каже дека ОВК „не претставува ништо за оваа држава“ е неприфатлив чин, кој покажува недостаток на почит кон значителен дел од населението и обид за занемарување на придонесот на Албанците во оваа земја.

ОВК не е „ништо“ за Албанците – таа претставува жртва за еднаквост, правда и достоинство. За Албанците, ОВК е симбол на стремежот за поправедно општество и за изградба на држава каде секој граѓанин ќе биде еднаков. Секој обид да се негира оваа историска вистина е чин на дискриминација, кој дополнително ги продлабочува меѓуетничките поделби и сериозно ја нарушува општествената хармонија.

Овој селективен и лицемерен пристап е неприфатлив. Да се честуваат Комитите, додека се омаловажува ОВК, е доказ за двојни стандарди и недостаток на искреност од оваа влада.

Како можеме да изградиме заедничко општество, кога министерката за образование, наместо да промовира вредности на еднаквост и заемна почит, користи исклучувачки и навредлив јазик кон дел од граѓаните на оваа земја? Дали ова е начинот на кој оваа влада има намера да ја промовира соживотот и да изгради иднина за сите?

Демократската унија за интеграција силно го осудува овој пристап и бара министерката веднаш да ја повлече навредливата изјава и јавно да се извини. Исто така, бараме оваа влада да размисли и да престане да применува двојни стандарди кои ги продлабочуваат поделбите и ги зголемуваат меѓуетничките тензии.

ОВК за Албанците е историја, жртва и наша гордост. Секој што го омаловажува овој важен симбол треба да разбере дека не може да изгради заедничка иднина преку навреди и исклучување на цел народ. Албанците секогаш давале придонес за оваа држава и никогаш нема да дозволат нивната историја да биде сведена на „ништо“.

Најверојатно, оваа изјава е координирана со вашите коалициски марионети, Вреди“, се наведува во реакцијата на ДУИ.

Related posts

Тензична средба на лидерите на ВЛЕН: Се распаѓа ли коалицијата?

admin

Ахмети повика да не се повтори грешката од 2006 година

admin

Франција ќе гради нов носач на авиони, вели Макрон

admin

Бугарскиот претседател ја критикува поддршката на ЕУ за Украина, вели дека војната е „осудена на пропаст“

admin

34 години независност: меѓу успехот и постојаните кризи

admin

ЛОГА МУ „ПРЕСУДИ“ НА БУГАРСКИОТ КЛУБ ВО БИТОЛА

ninja