15.8 C
Скопје
24 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Загадувањето во Скопје ќе се намалува со кар-шеринг

Министрите за енергетика и животна средина, Божиновска и Меџити сакаат да го намалат аерозагадувањето во Скопје со проект за изнајмување и споделување електрични возила, јави Дојче Веле.

Загадениот воздух во Скопје ќе се намалува со проект за споделување и изнајмување електрични возила. Министерката за енергетика Сања Божиновска и министерот за животна средина Изет Меџити во понеделникот потпишаа писмо со намери со словенечката компанија „Авант Кар“ која треба да го реализира првиот проект за 100% електричен кар-шеринг во Скопје.

Преку овој проект, граѓаните во главниот град на Македонија ќе имаат пристап до модерен, економичен и еколошки транспорт кој е дизајниран да го намали сообраќајниот метеж, загадувањето и зависноста од фосилни горива, се наведува во заедничкото соопштение од настанот.

„Денес го поставуваме Скопје на мапата на модерните градови кои не само што зборуваат за одржливост, туку и преземаат храбри чекори кон неа. Гужвите, загадувањето и зависноста од фосилни горива не се нешта со кои треба да се помириме”, изјави министерката Божиновска.

Систем за споделување на автомобили со 100% електрични возила на брендот „Avant2Go“ веќе функционира во Словенија, Хрватска и Австрија.

„Целта е на овој начин директно да влијаеме и да ги намалуваме емисиите на CO2 и загадувањето, што е наш приоритет како министерство. Граѓаните ќе имаат можност за поекономичен транспорт, без компромиси за животната средина“, рече министерот за животна средина Меџити.

Реализацијата на проектот е предвидена да започне со обезбедување на јавни и приватни паркинг простори и поставување на соодветна инфраструктура за полнење во неколку скопски општини.

Related posts

Искри во „медениот месец“ на владината коалиција

admin

МЕШАЊЕ ВО ПАЗАРОТ ИЛИ БОРБА ПРОТИВ ПРЕХРАНБЕНИ КАРТЕЛИ?

ninja

Терористички напад во Белград, осомничен е конвертитот Милош Жујовиќ

admin

МЛАДИТЕ НАУЧНИЦИ И ИНЖЕНЕРИ ИМПРЕСИОНИРААТ НА ASEF 2023

ninja

Зошто инфлацијата во Западен Балкан е повисока отколку во ЕУ и САД?

ninja

Сексуален скандал ја тресе Албанија, инволвиран член од партијата на Рама

admin