19.5 C
Скопје
25 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Сиљановска Давкова: ЕУ е наш дом

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во своето годишно обраќање во Собранието повика на храбар ЕУ исчекор, по примерот на оној од 2004 година, што би значело реинтеграција на регионот во ЕУ.

Време е за храбар ЕУ исчекор, по примерот на оној од 2004 година, што  ќе означи реунификација, односно реинтеграција на нашиот регион, повика во своето годишно обраќање пред пратениците во Собранието претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.

„Балканот е природен дел на Европа: географски, историски и културно. Европската идеја е уникатна политичка филозофија подржана од сите политички актери, партии, но и граѓани во регионот. ЕУ членството ќе биде моќен мотив за демократски промени во регионот, што трајно ќе оневозможи закана и дестабилизација од фрустрираните националисти и ќе гарантира траен мир”, рече Сиљановска Давкова. Ова беше нејзиното прво годишно обраќање во парламентот откако беше избрана на функцијата пред седум месеци.

За неа, како што посочи, ЕУ е сѐ уште најпосакуваниот демократски политички систем и дом.

„Не случајно. Денес, граѓаните на членките на ЕУ имаат подобро мислење за нејзиниот демократски капацитет, од оној на своите националните власти, со исклучок на Луксембург. Некои западни политолози метафорично пишуваат дека Западен Балкан е Ахилова петица на ЕУ. Ако е така, ниту Париз не смее да нишани во неа, а Берлин и Брисел не смеат да дозволат да биде на нишан, рече Сиљановска Давкова.

Таа нагласи дека целосната интеграција на Балканот во ЕУ ќе стави крај на бескрајното прекројување на границите, а со тоа и крај на балканизацијата како феномен, бришејќи ги границите меѓу балканските држави.

Претседателката истакна дека Западниот Балкан не е никаков проблем за апсорбциониот капацитет на Унијата.

„Во бројните средби со ЕУ претставниците укажувам на некои парадокси – прво, Европската заедница со децении повикуваше на рушење на авторитарните системи, тогаш, има морална обврска за солидарност со нив/нас по падот на комунизмот; второ, профитната логика на западните економии бара поголем пазар и работната сила; трето, стабилноста на европскиот континентот зависи и од Истокот, вклучувајќи го и Западниот Балкан, како гео-политичка ентитет; четврто, лоциран меѓу Европа и Блискиот Исток како конгломерат на култури и религии отсекогаш Балканот се перцепирал како потенцијална конфликтна зона; петто, Балканците секогаш се перцепирале себеси како Европјани, па европската интеграција е недовршена без европскиот југоисточен дел”, рече Сиљановска Давкова. / DW

Related posts

Анџела Агелер открива: Зошто Македонија и САД имаат повеќе заеднички интереси отколку што мислите

admin

Калас: Северна Македонија пред историска одлука – дали конечно ќе тргне кон ЕУ?

admin

Руска ракета удри во зградата каде живее албанскиот амбасадор во Киев

admin

Влада на Мицкоски – само три жени министерки, вицепремиер близок до Москва

admin

Зошто паѓа наплатата на ДДВ во време на раст на цените? Беџети: Такви осцилации се можни

admin

Столтенберг: Нема планови за НАТО трупи во Украина

admin