6.8 C
Скопје
14 февруари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИСВЕТ

Конгресот го усвои првиот закон на Трамп за апсење имигранти

Претставничкиот дом на САД го усвои првиот предлог-закон на новиот американски претседател Доналд Трамп, со кој се бара апсење на илегални имигранти обвинети за кражби и насилни злосторства, јави Глас на Америка.

За овој предлог гласаа голем број демократи, заедно со републиканците. Тој беше усвоен со 263 гласа „за“ и 156 „против“.

Нацрт-законот, кој ќе биде проследен до Трамп на потпис и дури тогаш ќе стапи на сила, го носи името на Лејкен Рајли, девојка од Џорџија, која минатата година беше убиена од илегален имигрант од Венецуела. Тој беше осуден на доживотен затвор.

Ова се очекува да биде првиот од неколкуте чекори што републиканците планираат да ги преземат за зајакнување на границата и забавување на протокот на имигранти во САД.

Претставничкиот дом го усвои законот со помош на 46 демократи кои гласаа со 217 републиканци. Сенатот претходно го усвои овој предлог-закон, исто така со поддршка на 12 демократи.

Законот бара апсење на имигранти осомничени за кражба или други прекршоци – дури и ако тие не се обвинети за кривично дело.

Трамп ја направи имиграцијата центар на неговата кампања, а републиканците ја поддржаа неговата темелна агенда за имигрантите. Демократите, кои го поддржаа предлог-законот, велат дека го направиле тоа затоа што и граѓаните што ги претставуваат се загрижени за имиграцијата.

„Американците сакаат да направиме нешто за границата и мислам дека ќе бидеме под голем притисок ако кажеме дека не треба да депортираме криминалци“, рече умерениот демократ Том Суоци, кој гласаше за законот.

Демократската конгресменка Илхан Омар, рече дека е „срцепарателно“ што толку многу демократи го поддржаа нацрт-законот.

Related posts

Украина ја нападна Русија, погодени згради во Москва

admin

Милановиќ обезбеди историска победа на претседателските избори: ХДЗ во шок

admin

Северна Македонија ќе изгуби една четвртина од населението до 2100 година

admin

Мицкоски на самитот ЕУ-Западен Балкан

admin

Ахмети: ВМРО има прогресивни сили, време е да поминат уставните измени

admin

Страшна сообраќајна несреќа: Седум лица повредени

admin