11.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ДУИ реагира, бара итно ослободување на косовецот Емин Бајрами 

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабока загриженост и остро го осуди апсењето на државјанинот на Република Косово, Емин Бајрами, на 14 февруари 2025 година, на граничниот премин Блаце – Хан Елезит, врз основа на потерница издадена од Србија преку Интерпол.

ДУИ ова го оцени како „уште еден неприфатлив случај“ на спроведување на „фабрикувани потерници“ од Србија од страна на Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, кое, според партијата, продолжува да постапува без никаква верификација, загрозувајќи ги правата и слободите на косовските граѓани.

„Уште позагрижувачки е фактот што јавноста беше држена во неизвесност повеќе од 10 часа во врска со ова приведување, што дополнително ги засилува сомнежите за вистинските намери на овие мерки“, се вели во соопштението на ДУИ.

Партијата оценува дека ваквите „повторувачки и неправедни апсења“ се случуваат во период кога Северна Македонија ја води „немоќна влада без етнички легитимитет“. Според ДУИ, албанските претставници во оваа влада „не само што немаат влијание, туку покажуваат и неспособност да ги заштитат интересите на Албанците во и надвор од земјата“.

ДУИ нагласува дека потерниците издадени од Србија преку Интерпол не треба „слепо да се спроведуваат“ од страна на институциите на Северна Македонија. Партијата тврди дека во периодот кога имала „легитимно албанско претставување во владата“, спречила вакви случаи и обезбедила заштита на правата на косовските граѓани.

ДУИ бара „итно и безусловно ослободување“ на Бајрами и ја повикува Владата на Северна Македонија „итно да ја преиспита својата практика на извршување на српските потерници“.

„Не смееме да дозволиме нашата држава да стане инструмент на политиките на Белград на штета на албанските граѓани“, се вели во реакцијата на ДУИ.

 

 

 

Related posts

Бриселската полиција ги приведе Могерини и Санино во истрага за измама поврзана со тендер за дипломатска академија

admin

РСМ со најниска минимална плата во регионот

admin

ЕУ со над 1 милион лица со нелегален престој, се заоструваат мерките за влез во Унијата

admin

Светот реагира на акциите на Русија кон Украина

ninja

Северна Македонија постигна стратешки договор со Британија во вредност од 6 милијарди евра 

admin

Енергетска драма во ЕУ: Унгарија ќе блокира 90 милијарди евра за Украина

admin