21.8 C
Скопје
13 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Ибрахими од Алтернатива: Мицкоски не е против отстранување на “20 отсто” од Уставот

Претседателот на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими, изјави дека претставниците на ВЛЕН во Владата разговарале со премиерот Христијан Мицкоски за отстранување на формулацијата „20%“ од Уставот во однос на албанскиот јазик и дека тој не се спротивставил на ова барање на албанскиот коалициски партнер.

„Разговаравме со премиерот дека за Албанците, но и за државата, е многу важно при отворањето на Уставот да се отстрани овој пејоративен израз, кој албанскиот јазик го претвора во статистичка категорија. Албанскиот јазик не е нешто што треба да се мери во проценти од населението. Баравме, и се надевам дека тоа ќе се случи, во уставниот текст наместо формулацијата ‘јазик што го зборуваат над 20% од населението’, да стои дека албанскиот јазик е исто така службен јазик“, изјави Ибрахими во емисијата „Дијалог на Лајми“.

Дали премиерот е подготвен да го прифати барањето?

„Не можам да кажам дека се спротивстави, но тоа е прашање за кое ќе треба да се дискутира“, рече Ибрахими.

Related posts

Јавниот превоз во Скопје во колапс

ninja

БУГАРИЈА НА ПАТ КОН ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ СИСТЕМ?

ninja

САД ја обвинија Русија дека користи „брутални методи“ во Украина

ninja

Излегувањето од државата ќе биде невозможно по 12 февруари доколку не бидат заменети документите

admin

Анализа на РТС: Со уставните измени Македонците стануваат малцинство во сопствената држава

admin

Груби: Време е за храбри одлуки и помирување

admin