19 март, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Касами: Правата на Албанците се во сигурни раце, Бугарија може да го загрози европскиот пат

Лидерот на Движењето Беса и дел од коалицијата „Влен“ во Северна Македонија, Билал Касами, ги отфрли критиките од албанската опозиција дека не прави доволно за заштита на правата на Албанците, нагласувајќи дека тие „сега се во сигурни раце“ и дека причината за нивниот застој е долгогодишното владеење на Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Во интервју за Гласот на Америка, Касами изјави дека и „Влен“ и ВМРО-ДПМНЕ се посветени на европскиот пат на земјата, но изрази загриженост дека постојаните барања од Бугарија би можеле да го попречат напредокот.

„Ако промената на Уставот и внесувањето на бугарската заедница е последното барање на Софија, тогаш тоа е прифатливо. Но, ако следат нови услови, тоа би значело дека Северна Македонија и понатаму ќе биде блокирана“, рече Касами.

“ДУИ повеќе се грижеше за сопствените интереси”

Касами жестоко ја критикуваше ДУИ, која според него, 20 години не направила доволно за унапредување на правата на Албанците.

„ДУИ повеќе се грижеше за сопствените интереси и луѓето на американската ‘црна листа’ отколку за правата на Албанците. Имавме 20 години за систематизирање на тие права во Уставот и законите, но тоа не се случи. Наместо тоа, нивните блиски станаа милионери“, изјави тој.

Тој ја бранеше одлуката за укинување на т.н. „балансирачки механизам“, оценувајќи го како нелегален и застарен систем.

„Ние ќе го замениме со нов закон за правична застапеност, кој ќе ја гарантира вработеноста на Албанците во согласност со Уставот“, рече Касами.

Касами потврди дека „Влен“ и ВМРО-ДПМНЕ имаат соработка во Владата, но не гарантираше предизборен сојуз за локалните избори.

„Во места како Тетово, Чаир и Гостивар, каде победникот сигурно ќе биде Албанец, може да има неформална поддршка од Македонците. Но, во Кичево и Брвеница, битката е меѓу албански и македонски кандидат, па тука соработката е потешка“, објасни тој.

Патот Тетово–Призрен и економски развој

Касами нагласи дека Владата конечно го ставила проектот за патот Тетово–Призрен како приоритет, откако локалната власт во Тетово предводена од Беса почнала со проширување на трасата.

Во однос на економскиот развој, Касами истакна дека Општина Тетово во 2024 година добила четири милиони евра од владината програма за капитални инвестиции, а во 2025 година се очекуваат над 11 милиони евра за инфраструктурни проекти.

 

 

Related posts

Познат добитникот на Нобеловата награда за мир

admin

САД И ЕУ НЕМА ДА НОСАТ ОДЛУКИ ЗА СРБИЈА И КОСОВО, РЕЧЕ ДОНФРИД

ninja

СРБИЈА И КОСОВО ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА РЕГИСТАРСКИТЕ ТАБЛИЧКИ

ninja

СДСМ: Мицкоски и неговата партија не направиле ништо за Резолуцијата на Бундестагот

admin

Судир меѓу власта и опозицијата за поддршката на Сојузот на синдикатите на Македонија

admin

Стража пред Уставниот суд – немир и поделби во судот

admin