13.8 C
Скопје
14 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Незири во Аргумент плус: Победата на Курти носи две опции, коалициска Влада или техничка Влада и нови избори

Аналитичарот Џелал Незири во Аргумент плус рече дека крајниот резултат на изборите во Косово бил очекуван бидејќи Албин Курти добива константна поддршка од граѓаните. Според него, оваа победа на Курти ќе донесе две опции, или ќе формира коалициска Влада или ќе оди на техничка Влада и нови избори.

Тој рече и дека за изборните резултати во Косово биле заинтересирани и ДУИ и ВЛЕН.

„Курти сега е во ситуација да бира помеѓу компромиси и формирање на влада со партии кои беа опозиција или да избира ќор-сокак со бугарско сценарио. Се уште нема јасна слика на каде ќе тргне. Според мене ќе формира коалиција со ПДК и на наредните претседателски избори ќе стане претседател на Косово и премиерското место ќе го отстапи на некој од коалицијата“, изјави Незири.

Тој рече дека Курти може да формира Влада и со десетте пратеници на помалите етнички заедници во Косово и десетте пратеници на српската партија, но како што објасни Незири, Курти не сака да коалицира со српската партија.

„Ако Курти одлучи да ја внесе земјата во ќор-сокак со нови избори или можеби ќе оди на техничка Влада се до следни избори тогаш мислам дека Курти ќе купува време и исто ќе ја зацврсти поддршката од граѓаните но најважно ќе купува време со новиот мандат на Трамп. Бидејќи со новиот претставник на САД нема да може да се разбере и ниту еден интерес нема да може да го реализира без поддшка на САД“, рече Незири.

Тој објасни и дека за изборните резултати во Македонија биле заинтересирани и ДУИ и ВЛЕН.

„Курти ја крсти и ја направи конструкцијата на ВЛЕН. Курти на ВЛЕН му помогна да ја потиснат ДУИ во опозиција. Ако Курти не формира Влада тоа најмногу ќе се одрази на ВЛЕН коализија која не е сплотена и не функционир4а како едно тело. Од ДУИ пак сметаа дека ако не победи Курти нема кој да ја обедини ВЛЕН и така повторно би се вратиле на власт“, додаде Незири.

Related posts

Прашањата до Владата завршуваат во партиски штаб?

admin

Издаваат станови и викендички за Нова година, но колку плаќаат данок?

admin

СДСМ ќе ја топи разликата, ВМРО-ДПМНЕ открива црни сценарија

admin

Трамп е осуден. Што понатаму?

admin

ВМРО-ДПМНЕ: Макрон ги потврди нашите ставови

admin

Села пред одлука, ДУИ го зголемува фронтот

admin