27.8 C
Скопје
11 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Хуманитарна кампања за малата Есила: Потребна итна помош за лекување

Десетгодишната Есила се соочува со тешка здравствена битка по дијагнозата неоплазма во регионот на кардијата на желудникот. Болеста бара итен и специјализиран третман, вклучувајќи медицински интервенции, напредна терапија и постојана здравствена нега.

Нејзиното семејство се соочува со огромен финансиски предизвик, бидејќи трошоците за лекување далеку ги надминуваат нивните можности. Според доставените профактури, само хируршката интервенција во Турција чини 38.000 евра, а целната сума за лекувањето е поставена на 2.400.000 денари, со можност за корекција во зависност од натамошните проценки.

Семејството и пријателите на Есила покренаа хуманитарна кампања и ги повикуваат сите граѓани, компании и организации да помогнат во рамките на своите можности. Секој прилог, без разлика на износот, може да направи разлика во нејзиниот живот.

“Заедно можеме да направиме чудо. Да покажеме дека хуманоста и солидарноста се нашата најголема сила,” порачаа нејзините најблиски.

Сите кои сакаат да донираат тоа може да го прават преку следниот линк:

https://ecrowd.mk/projects/3ee95523-0847-48e3-bb45-09704a23efd1?fbclid=IwY2xjawIch05leHRuA2FlbQIxMQABHVCuopl52HCB72Ip_qqSKUytm1ntztKK7s7-RyOP0k9lXeMGmqWYwDDE5w_aem_D41FwV9GLZmZO1UFD15WBg&sfnsn=mo

 

 

Related posts

Иван Стоиљковиќ е најзадолжен министер во Владата на Мицкоски

admin

Македонските политичари му ја честитаа победата на Доналд Трамп

admin

ДУИ ја засилува реториката против „олигарсите“

admin

Европската комисија предлага Украина да се приклучи на ЕУ роаминг-зоната од 2026 година

admin

Таравари вели дека нема да биде дел од „Европски фронт“, ниту од Владата – Касами реагира

admin

Силјановска го предложи Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка

admin