8.8 C
Скопје
22 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Без легална лиценца, без хидратантски систем, без легална пиротекника…без одговорност!

Пожар во ноќен клуб во градот Кочани однесе 59 млади животи, а над 140 повредени добиваат медицинска помош во земјата и во странство, соопштија властите во понеделникот.

Првичните истраги открија дека ноќниот клуб немал хидрантски систем и доволно противпожарни апарати. Пиротехнички материјали биле користени нелегално, објектот немал легална лиценца за работа, а не постоел ниту писмен договор помеѓу организаторот на настанот и групата што настапувала.

Досега се испрашани над 20 лица, а обвинителството покрена истрага против 11 лица. Од нив, осум се во притвор, додека останатите тројца сè уште се хоспитализирани во тешка здравствена состојба.

Премиерот Христијан Мицкоски повика на единство на прес-конференција, најавувајќи мерки за „ресетирање на системот“ и започнување на опсежна проверка на сите угостителски објекти низ земјата. Запрашан дали ќе поднесе оставка, Мицкоски изјави дека нема да се повлече „додека не се победи корумпираниот систем“, додавајќи дека неговата кредибилност ќе биде оценета на наредните избори.

Мицкоски потврди дека Северна Македонија засега нема да прогласи вонредна состојба, ниту ќе вклучи меѓународни експерти во истрагата. Сепак, неколку земји веќе обезбедија медицинска помош. Четириесет и седум жртви се пренесени на лекување во болници во Бугарија, Грција, Србија и Турција. Поддршка понудија и Хрватска, Австрија и Холандија.

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски изјави дека истражителите досега испрашале над 20 лица, меѓу кои и еден од организаторите на настанот. Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, исто така бил повикан на разговор.

„Ова е исклучително сложен случај со многу аспекти што треба да се испитаат,“ изјави Коцевски, посочувајќи дека досега се преземени мерки како што се обдукции на жртвите, заплена на безбедносни снимки и апсење на сите чии постапки или пропусти придонеле за трагедијата.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, информираше дека дел од осомничените починале, додека други се во болница. Четири лица моментално се под полициски надзор – двајца членови на бендот, синот на сопственикот на клубот и менаџерот на објектот.

„Неколку приведени се директно инволвирани, според досега собраните докази,“ изјави Тошковски, додавајќи дека меѓу приведените се и поранешен државен секретар во Министерството за економија, поранешен раководител на економски сектор, поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување, како и тројца вработени во истата дирекција.

Тошковски потврди дека клубот работел без легална лиценца, додавајќи дека случајот е поврзан со „мито и корупција“.

„Оние кои се одговорни за нелегалното издавање на лиценци ќе одговараат,“ рече тој.

Ана Чупеска, потпретседателка на опозициската СДСМ, побара оставка од Тошковски и независна истрага за трагедијата.

„Застрашувачка е леснотијата со која министерот ја отфрли одговорноста,“ изјави Чупеска, обвинувајќи го дека ја политизира трагедијата додека не успеал да ја спречи.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, соопшти дека 90 повредени остануваат на лекување во Северна Македонија, додека 44 се префрлени во странство: 17 во Србија, 14 во Бугарија, девет во Турција и четири во Грција. Се организираат дополнителни трансфери во Хрватска, Романија, Словенија, Унгарија и Австрија.

Во Клиничкиот центар во Скопје е формиран кризен штаб, кој ги координира активностите со Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи. Професорот Игор Николов е именуван за контакт лице за семејствата на повредените што се лекуваат во странство.

Во знак на почит кон жртвите, Северна Македонија прогласи седумдневна жалост. Националните знамиња ќе се веат на половина копје низ целата земја.

 

Related posts

ДУИ со реакција за апсењето на Бектеши: Правда за сите, без политички влијанија

admin

ДУИ и ВЛЕН во судир поради именувањето на Богојески за директор на Агенцијата за европски образовни фондови

admin

Израел го гранатираше бегалскиот камп Џабалија, над 50 цивили загинале

admin

Да се укинат патните трошоци за пратениците – Ветување коешто „најлесно“ се заборава

admin

Хомо на Игор Иванов Изи со уште една висока, десетта, награда на меѓународен филмски фесртивал – Овој пат во Индија

admin

С.Македонија го одби барањето на Украина за донација на воена опрема

admin