33.8 C
Скопје
16 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Влен: Филипче нема кредибилитет да свика лидерска средба

Коалицијата Влен изрази сомнеж во кредибилитетот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, да свика лидерска средба, обвинувајќи го дека има намера да ја политизира трагедијата во Кочани.

Филипче, за време на синоќешната донаторска вечер за помош на семејствата на жртвите и повредените во пожарот во Кочани, најави дека следната недела ќе ги повика лидерите на најголемите политички партии во Собранието за да го презентира својот план, кој, како што рече, е негова обврска кон државата.

„Јасно е дека конвенционалните начини на водење политика и политичка борба не даваат доволно брзи резултати“, изјави Филипче.

Коалицијата Влен ја отфрли неговата иницијатива, обвинувајќи ја СДСМ дека дејствува во координација со фракцијата на ДУИ и се обидува да ја политизира несреќата.

„По најавите на СДСМ дека ќе бараат анкетна комисија за Кочани, што очигледно е координирано со нивната фракција во ДУИ, која наивно верува дека може да се претстави како лажна жртва на политички прогон, господинот Венко Филипче потврди дека има за цел да ја искористи колективната трагедија за политички цели. Затоа, тој нема кредибилитет да свика лидерска средба“, се вели во соопштението на Влен испратено до медиумите.

Од Владата денеска соопштија дека досега не добиле официјално барање за лидерска средба, ниту иницијатива од СДСМ, но истакнаа дека Владата и премиерот остануваат отворени за секој предлог и иницијатива што има за цел да помогне.

 

 

Related posts

Во Тетово не се гради втор студентски дом „на штета на Штип и Скопје“

admin

БЛИНКЕН ВО ГРЦИЈА ВЕРОЈАТНО ЌЕ РАЗГОВАРА И ЗА ВЛЕЗОТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ, РЕЧЕ ДОНФРИД

ninja

Артан Груби ставен на “црната листа” на САД

admin

МЛАДИТЕ БАРААТ РАБОТА И ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА ДА НЕ ЗАМИНАТ

ninja

ОСМАНИ УВЕРУВА – ЌЕ ДОМИНИРААТ АРГУМЕНТИТЕ „ЗА“ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ

ninja

Меџити: Сите ресори на АА остануваат во рамки на ВЛЕН

admin