5.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Младо момче, спасител од пожарот во Кочани, доби признание и стипендија

Јован Костадинов, 19-годишно момче од Виница, кое спаси повеќе лица од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пред неколку дена беше отпуштен од болница.

Тој беше примен од премиерот Христијан Мицкоски, а компанијата Алкалоид му додели признание во вид на стипендија.

Во моментите на смртоносниот пожар, Костадинов неколкупати се вратил во запалената дискотека за да извлече луѓе заробени под урнатините, користејќи мокра маица за да се заштити од чадот.

По несреќата, 12 пациенти, меѓу кои и Костадинов, се пуштени на домашно лекување, додека 27 остануваат во болниците во Северна Македонија, а 115 се на лекување во странство.

Јован и останатите повредени ќе бидат под лекарска опсервација во следните два до три месеци, информираше директорот на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев.

„Тој беше примен поради белодробни потешкотии предизвикани од вдишување на зголемени концентрации на јаглероден моноксид. По седумдневна терапија, е пуштен во подобрена состојба“, рече Чибишев.

Сведоштво на Костадинов може да го погледнете во видеото подолу:

 

Related posts

Интерпелација – ден за опозицијата со познат крај

admin

Извештај: Судови без уредна евиденција за имот и депозити, со зголемен број нерешени предмети

admin

100 сомнителни боледувања во МВР: Полицијата сега ќе проверува и други вработени

admin

Универзитет без граници или без иднина? Реформите што доцнат

admin

Тешка криза во германската автоиндустрија

admin

Смртоносна ебола се шири во Африка – расте бројот на жртви

admin