12.8 C
Скопје
19 март, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Нов граничен премин со Грција: Се спроведува Преспанскиот договор

Поврзувањето на двете Преспи и отворањето на граничниот премин „Маркова Нога“ носи надеж за економски развој и туристичка обнова во регионот, седум години по потпишувањето на Преспанскиот договор.

Ако плановите се реализираат до 2027 година, новиот граничен премин меѓу Северна Македонија и Грција би можел да донесе целосна трансформација на Преспанскиот регион, кој долго време беше запоставен.

„Ова е трансформативно патување низ Преспа. Во наредните 16 месеци ќе има многу работа за да се завршат градежните работи во предвидениот рок до 2027 година. Ова ќе покаже дека економската и прекуграничната соработка можат да одат рака под рака со одржливоста во животната средина“, изјави постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан.

На церемонијата за поставување на камен-темелникот присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски и евроамбасадорот Михалис Рокас, кои го поздравија проектот како „историски чин“.

„Овој граничен премин е чекор напред за поврзување на двете Преспи и пример за тоа како треба да се градат односите меđу двете држави. Поврзувањето ќе го заживее овој дел од Македонија“, изјави Мицкоски.

Работите од македонската страна, вредни два милиони евра, се дел од финансиската програма „ЕУ за Преспа“, која изнесува вкупно 21,5 милиони евра. Европската унија обезбедува 84 отсто од средствата, додека остатокот доаđа од националниот буџет.

Проектот предвидува изградба на царинска зграда, паркинг и нова станица за третман на вода. Грчката страна, пак, работи на изградба на пат во должина од три километри, по што ќе започнат активностите за изградба на самиот премин.

Евроамбасадорот Рокас изјави дека визијата на ЕУ за Преспанскиот регион вклучува економски развој, повеќе можности за граѓаните и зачувување на природното наследство.

По повеќе од пет децении, Маркова Нога – Лемос ќе го скрати патувањето меđу преспанските села од двете страни на границата, кое досега се одвиваше преку преминот Меџитлија – Ники, додавајќи повеќе од 130 километри во движењето.

 

Отворањето на преминот се очекува во 2028 година, со надеж дека ќе поттикне економска активност и ќе го врати интересот за Преспанското Езеро како туристичка дестинација.

Граничниот премин Маркова Нога е затворен од 1967 година. Неговото реактивирање, како дел од ретките обврски за грчката страна од асиметричниот Преспански договор потпишан во 2018 година, се смета за значаен чекор кон зајакнување на прекуграничната соработка. Македонија, од своја страна, ги исполни сите обврски од договорот, вклучувајќи ја промената на името на државата и отстранувањето на симболите на Сонцето од Кутлеш од јавните површини.

Во март 2019 година, тогашниот министер за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, и алтернативната шефица на грчката дипломатија, Сиа Анагностопулу, потпишаа договор за отворање на граничниот премин Маркова Нога – Лемос. Набргу потоа, грчкиот парламент го ратификуваше договорот.

Седум години по потпишувањето на Преспанскиот договор и шест години по договорот за граничниот премин, утре ќе биде поставен камен-темелникот за неговата изградба, со план работите да завршат за три години.

 

 

Related posts

Нема да се произведуваат електрични автомобили во Тетово, раскинат договорот со Е.ГО

admin

Германската економија е во криза: компаниите алармираат

admin

ТРНЛИВ ПАТ ДО АВТОПАТ

ninja

СРЕДБА ГРУБИ-АГЕЛЕР ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ, РЕФОРМИТЕ И ВЕТИНГОТ

ninja

Низа без видлив крај: 36 уставни измени за 30 години

admin

Доматите, краставиците, праските стануваат „суво злато“ – намаленото производство ги покачи цените

admin