30.1 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

СДСМ ќе избира кандидати за локалните избори преку консултации и анкети

Социјалдемократите на Македонија (СДСМ) ќе настапат на локалните избори со кандидати за градоначалници и советници избрани преку широк консултативен процес, изјави партискиот лидер Венко Филипче.

„Ќе ги избереме најдобрите кандидати, прво преку консултации со членството, а потоа и преку сондажи со сите граѓани. Граѓаните заслужуваат да ги водат најспособните, оние кои можат најмногу да придонесат за секоја општина“, напиша Филипче на Фејсбук.

Тој нагласи дека покрај поддршката од членството и граѓаните, кандидатите ќе мора да имаат соодветни квалификации и искуство.

Филипче соопшти дека на работна средба во Кочани со новото раководство на СДСМ разговарал за подготовките за изборите и процесот на избор на кандидати.

 

Related posts

Сенатори загрижени за состојбата на Косово, бараат оваа прашање да биде приоритет

admin

Мерц: Украина ќе може да гаѓа цели на руска територија

admin

Битка за Романија: Центристот Дан го победи екстремниот десничар во избори обвиени со руска сенка

admin

Изборните кавги погласни од изборните програми

admin

Судскиот процес за пожарот во „Пулс“ продолжува, обвинетите ќе се изјаснат за вина

admin

ВИДЕО | Две лица загинаа, четворица се повредени при уривање на авион во Унгарија

admin