Во 2024 година, 215 лица го стекнале академскиот степен доктор на науки, што претставува пораст од 23,6 отсто во однос на 2023 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Според податоците објавени денеска, најголем дел од докторите на науки – 22,4 отсто – се стекнале со звањето во областа на здравството и социјалната заштита.
Следуваат уметноста и хуманистичките науки со 16,7 отсто, бизнис, администрација и право со 14,4 отсто, додека 11,6 отсто докторирале во областа на општествените науки, новинарство и информации.
Од вкупниот број докторирани, 106 – односно 49,3 отсто – се жени, соопшти Заводот.