9.8 C
Скопје
3 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Адеми: Дурмиши ја призна неoдговорноста на Бектеши

Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, реагираше по изјавата на министерот за економија, Бесар Дурмиши, кој денеска изјави дека „Министерството за економија не е надлежно за инспекција на ноќни клубови и кабареа“.

„Со оваа изјава, министерот Дурмши директно ја ослободи од одговорност претходната министерска гарнитура, вклучително и Крешник Бектеши“, изјави Адеми, алудирајќи на претходниот министер од редовите на ДУИ.

Реакцијата доаѓа откако во јавноста се отвори дебата околу институционалната одговорност за трагедијата во Кочани, каде изгоре објект со дозвола за угостителска дејност. Дурмши претходно изјави дека за безбедносните аспекти на такви објекти одговорни се други институции, а не Министерството за економија.

„Ако министерството не е надлежно за лиценци, тогаш кој е?“, праша Адеми, обвинувајќи го Дурмши за, како што рече, „обид да се испере од одговорноста која му припаѓа“.

Владата најави законски измени со кои ќе се зголеми контролата врз гастрономскиот и градежниот сектор, вклучително и построги казни за прекршителите.

 

 

 

 

 

 

Related posts

Касами и со владин црвен картон не го напушта стадионот во Тетово

admin

Заменичката генерална секретарка на НАТО Шекеринска во посета на Сараево

admin

Трагедии, убиства, фемицид…никој не е одговорен!

admin

Тврдоглавиот Курти не ги исполнува барањата на САД и ЕУ

admin

Ескалација на конфликтот околу Ормутскиот теснец, десетици ранети во Израел

admin

МВР врши проверки, судот одлучува за Артан Груби

admin