21.8 C
Скопје
29 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Таравари: Приоритет е ВЛЕН да продолжи заедно, ги анализираме опциите за локалните избори

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека за време на синоќешниот ифтар со лидерите на ВЛЕН кај премиерот на Косово, Албин Курти, се разговарало за актуелните политички прашања, вклучително и стратегиите за претстојните локални избори.

Според Таравари, во рамките на ВЛЕН веќе се формирани работни групи кои ја разгледуваат можноста за составување на изборни листи, без разлика дали поединечно или заеднички, како и прашањето за кандидатурите.

„Приоритет над приоритет е ВЛЕН да продолжи заедно, но ги анализираме сите околности за да го најдеме најдобриот можен начин да излеземе со заеднички пристап на локалните избори“, нагласи Таравари.

Сепак, тој рече дека сè уште не е донесена конечна одлука во врска со ова прашање.

Во меѓувреме, градоначалникот на општина Врапчиште, Исен Шабани, кој досега беше дел од АзА на Зијадин Села, чија партија  е дел на Европскиот фронт предводен од ДУИ, изгледа дека преминува на страната на Таравари. Во интервју за Алсат-М, Шабани изјави дека во рамките на ВЛЕН се забележуваат разговори и дебати, и дека се слушаат различни мислења. Тој предвидува дека ВЛЕН ќе постигне многу подобри резултати на изборите од Европскиот фронт.

„Не можам да ја коментирам последната дебата што се случува во ВЛЕН, но можам да го поздравам фактот дека во рамките на ВЛЕН има разговори, без оглед на епилогот на крајот, и има состаноци, што во демократијата, различни мислења носат квалитет. Верувам дека тие се подобро организирани од Европскиот фронт“, изјави Исен Шабани, градоначалник на општина Врапчиште.

Тој додаде дека верува дека ВЛЕН ќе постигне подобри резултати на изборите, за разлика од Европскиот фронт, кој ќе претрпи загуби.

„Верувам дека ќе постигнат подобри резултати од она што се гледа во јавноста. Тие можат да седнат и да разговараат, дури и ако има незадоволство, но на крајот ќе резултира со одлука што ќе биде добра за албанскиот политички фактор“, рече Шабани.

Related posts

Со какви пораки доаѓа Фон Дер Лајен во Скопје

admin

Беџети: Ако се чепне Законот за јазиците, секако дека ќе дојде до политичка криза

admin

Ескобар: Сакаме да бидете дел од ЕУ, не сум тука да вршам тортура врз некого

admin

Во екот на туристичката сезона, проблемот конечно решен- Здравствена заштита во Дојран ќе добиваат и туристите

admin

Поддржувачите на Курти без партија, но на изборни листи во Северна Македонија

admin

За четири години 19 жени го загубиле животот главно од раката на своите партнери – Расте бројот на фемициди во Македонија

admin