12.8 C
Скопје
19 март, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНА

Џелал Незири: Политичката пролет во Европа ќе го зафати и Балканот

Регионот, за жал, нема да биде приоритет за самата ЕУ, бидејќи Европа веќе навлегува со реформски процес во однос на она што се наметнува како политика од страна на Америка. Тоа се гледа и во изјавите на Урсула фон дер Лајен, во кои во последно време го изостава Западен Балкан, а во терминологијата се форсира Украина. Но, секогаш кога се случуваат кризи во ЕУ како онаа финансиската во 2008 година, се прелеваат и кај нас, и во соседството. Од тука може да се заклучи дека отсуството на европската политика на Балканот може да создаде да имаме и овде политичка пролет во некои земји од регионот, за што пак очекувам засилен ангажман на САД да го надополнат вакуум-просторот во политиката – оценува аналитичарот Џелал Незири во емисијата „Пресврт“ на „Слободен печат“, со Дејан Србиновски.

 

„Гледам дека Владата на Христијан Мицкоски не е оптимист дека членството во ЕУ нема да биде во скоро време. И затоа Мицкоски тој период го искористува за да се позиционира зад оние десничарски влади коишто ги има во Европа, а се на иста релација со сегашните политики во Вашингтон. Со тоа можам да истакнам дека нашата Влада е дел од овие влади коишто претпочитаат еден нов начин на пристап во меѓународните односи. Па така помеѓу ЕУ и САД, премиерот Мицкоски се престрои на страната на Америка, што ја отвори дилемата колку тоа ќе носи резултати од економска и политичка гледна точна. Но, во исто време важно е да се истакне дека опасно е да се влегува во конфликт со 26 европски земји токму заради ова наше престројување“, вели политичкиот аналитичар Незири.

Политикологот појаснува дека во моментов во САД има силна реформа на Трамп во земјата и еден нов пристап кој поттикнува страв и кај европските земји, па и на Балканот. Сето тоа отвора дилема како точно треба да се позиционираме ние како земја и општо дали треба Европа да се приспособи на новата реалност која доаѓа од Вашингтон.

Џелал Незири - Политички аналитичар - Фото Слободен печат / Методи Здравев
Џелал Незири – Политички аналитичар – Фото Слободен печат / Методи Здравев

„Дополнително од европска перспектива не успеваме доволно добро да го разбереме американскиот претседател Доналд Трамп во тоа што сака тој и што е неговата визија. Ние треба да имаме предвид кога го анализираме Трамп дека тој е претставник на таа реалистична школа во меѓународните односи. Некои го викаат корпоративен реалист, кои ги гледаа државите како конкурираат како корпорации во тој анархичен свет. Сепак, иако сме навикнати во Европа да го гледаме американскиот претседател како ја застапува либералната идеологија, Трамп е претставник на спротивната, односно реалистичната идеологија. Промените се тука и во однос на Европа, а кон Украина, која е европски проблем за кој САД мораат да имаат слух за решавање на проблемот“, заклучува Незири. /Извор: Слободен Печат

Related posts

Владата тактизира со писмото до ЕУ

admin

Еди Рама го напушти Опен Балкан: Иницијативата ја заврши мисијата

admin

GOOGLE го стега ременот, нов бран на отпуштања

admin

Владата ја префрли одговорноста за минималната плата на работодавачите

admin

Бугарија, Унгарија, Полска, Романија и Словачка бараат ограничен увоз од Украна

admin

КОРОНАВИРУСОТ СЕПАК ИЗЛЕГОЛ ОД ЛАБОРАТОРИЈА?

ninja