31.9 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Солидарност со Кочани во фокусот на Месецот на Европа 2025

Хуманитарни трки низ земјата, добротворни аукции и психосоцијална поддршка за преживеаните и семејствата на жртвите од пожарот во Кочани го одбележаа Месецот на Европа 2025, организиран од Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија, во соработка со мрежата Europe House и амбасадите на земјите-членки.

Трагедијата на 16 март, кога во пожар во ноќен клуб во Кочани загинаа 62 лица – главно млади – и речиси 200 беа повредени, го постави прашањето на солидарноста во центарот на вниманието. Одговорот беше масовен – од институции и граѓани, од земјата и од странство.

На 25 мај, под дождливо и необично студено време, стотици учесници се собраа на падините на Водно за да учествуваат во хуманитарната трка „Сите за Кочани. Трчаме заедно“. Покрај Скопје, трки се одржаа и во Битола, Крива Паланка, Струга, Струмица, Тетово и Велес. Над 3.300 граѓани, меѓу кои и амбасадори и вработени во дипломатски мисии, трчаа за истата кауза – помош за Кочани.

„Европа денес покажа дека нејзините темели остануваат солидарноста и единството“, изјавија од ЕУ Делегацијата.

Поддршката започна веднаш по трагедијата, кога преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ беа евакуирани 115 пациенти со тешки изгореници кон земји-членки и партнерски држави. За многумина, оваа интервенција беше клучна за преживување.

Во рамки на прославата на Денот на Европа, Делегацијата организираше прием во Музејот на современа уметност во Скопје, каде беше отворена изложба во соработка со Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Локални уметници донираа свои дела, кои беа понудени на продажба со цел собирање средства.

Вкупно се собраа речиси 1,5 милиони денари (над 24.000 евра), кои се префрлени на сметката на Црвениот крст на Северна Македонија за директна помош на погодените.

Покрај итната поддршка, ЕУ обезбеди и долгорочна психосоцијална помош преку Центарот за психосоцијална и кризна акција. Дел од земјите-членки понудија дополнителна поддршка преку националните механизми. Шведската амбасада, на пример, организира посета на делегација од Гетеборг – град кој помина низ слична трагедија во 1998 година – за споделување искуства во справувањето со колективна траума.

 

 

Related posts

ЗА НАС Е ПОРАЗИТЕЛНО ОТИ НЕ СМЕ СИ ГИ ЗАВРШИЛЕ ДОМАШНИТЕ ЗАДАЧИ, ВЕЛИ ​​​​​​​ДКСК ЗА ТИМОТ ЗА САНКЦИИ ОД ВАШИНГТОН

ninja

ВЛЕН официјално станува една партија – Лимани и Фетаи надвор

admin

Алијансата за Албанците ќе одржи редовен конгрес во пролетта 2026

admin

СДСМ: Тендерската мрежа околу „Пирамид билдинг солушнс“ води до кабинетот на премиерот Мицкоски

admin

Таравари изрази разочараност од Курти поради мешање во внатрешни прашања

admin

СРБИТЕ ВО СЕВЕРНО КОСОВО ГИ НАПУШТААТ БАРИКАДИТЕ

ninja