34.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

АД Пошта во криза: Пратките доцнат, долговите растат, а поштарите бојкотираат

Вработените во АД „Пошта“ на Северна Македонија овој месец извршија дводневен бојкот поради задоцнети плати, откривајќи длабоки системски проблеми во работењето на државниот поштенски оператор, чии доспеани, а неплатени долгови заклучно со септември изнесуваат околу 3 милиони евра, јави Радио Слободна Европа.

Проблемите се рефлектираат и во условите за работа: стари униформи, амортизирани возила и супстандардни објекти, кои ги принудуваат поштарите да користат свои превозни средства за испорака на пратки. Според синдикалниот лидер Боро Велигденов, ваквата состојба ја зголемува преоптовареноста на поштарите и го намалува квалитетот на услугите.

АД „Пошта“ кубури и со недостиг на кадри на други позиции, особено во процесот на прием и испорака на пратки, што дополнително го отежнува функционирањето на компанијата. Податоците на Агенцијата за пошти покажуваат дека бројот на вработени во компанијата се намалил за 7,6 проценти во 2024 година, а паралелно опаѓа и обемот на поштенскиот пазар, за 1,7 проценти во споредба со претходната година.

Граѓаните, пак, се жалат на доцнење на пратките, со случаи на испорака до погрешен град или пратки заглавени со месеци. Некои користат приватни поштенски услуги, кои исто така бележат пропусти, но нудат можност за рекламации и реакции.

Директорот на АД „Пошта“, Орхан Куртиши, признава финансиски потешкотии и недостиг на инвестиции во последните седум до осум години. Тој најавува реконструкција на поштенските единици, модернизација на ИТ-секторот и реорганизација на компанијата, додека потенцијалната приватизација останува на „стенд бај“.

Европската комисија, во својот извештај за напредокот, забележува дека националното законодавство е делумно усогласено со правото на ЕУ и препорачува Северна Македонија да обезбеди институционален капацитет за следење и спроведување на правилата на поштенскиот пазар.

 

 

Related posts

Касами и Меџити на средба со Мицкоски пред студентскиот протест

admin

ЕУ замрзна 210 милијарди евра руски пари, Киев добива финансиски спас

admin

Градежна треска: Четврт милијарда евра завршија на македонскиот пазар на недвижности за само три месеци

admin

Сиљановска Давкова го разреши Муслиу, тој ја обвини дека попуштила пред политичките притисоци

admin

Полицијата ја презема контролата врз рускиот аеродром во Дагестан по антиизраелските протести

admin

Фридом хаус: Корупцијата и судската независност со најниска оценка

admin