11.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

С. Македонија ги укинува царините за американски стоки

Властите во Северна Македонија во понеделникот соопштија дека ќе ги укинат сите царини за увоз на стоки од САД, со цел да ја поттикнат администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да преземе сличен чекор.

„Со еднострано намалување на царинските давачки испраќаме порака за забрзување на процесот на реципроцитет во трговската размена,“ изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, пренесе Асошиејтед прес.

Во мај, Вашингтон воведе 33 проценти царина на извозните производи од Северна Македонија. Трамп тогаш најави дека ќе ги намали тарифите за земји што ќе постигнат договор со Белата куќа.

„Го враќаме богатството кое претходни, многу наивни претседатели го дадоа без да знаат што прават,“ изјави Трамп пред новинарите во април.

Одлуката на Скопје следи неколку дена по средбата меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и државниот секретар на САД Марко Рубио, и по неодамнешната пофалба на администрацијата во Вашингтон за трговскиот договор со Обединетото Кралство.

„Сè поголем број земји преговараат искрено со администрацијата на Трамп, и секогаш кога ќе се појави понуда за укинување на царини и други нетарифни бариери, тоа е доказ дека тарифите на претседателот Трамп носат резултати за американските индустрии и работници,“ изјави заменик портпаролот на Белата куќа, Каш Десај, за The Hill.

Американското Министерство за финансии не одговори веднаш на барањето за коментар.

 

 

 

 

Related posts

ДУИ му подаде рака на Мицкоски за предвремени избори

admin

Агелер: Целта на САД е да ја поддржат РСМ

admin

Трагедија и надеж среде урнатини во Босна

admin

Нови законски измени за распуштање на Судскиот совет, преседан за злоупотреба од секоја идна власт

admin

УЈИЕ и ХЕРА потпишаа меморандум за соработка

admin

Цената на нафтата се искачи на највисоко ниво, причина – Украина и Саудиска Арабија

admin