34.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Филипче: Владата врши притисок врз судството

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во понеделникот обвини дека владата врши притисок врз судството и дека реформските процеси се блокирани, предупредувајќи дека Европската комисија нотира сериозни недостатоци во независноста на институциите.

Филипче, кој е и претседател на Националниот совет за евроинтеграции, на седницата посветена на Извештајот на Европската комисија рече дека документот претставува „силна и јасна опомена“ за државата. „Реформи нема, Македонија губи време,“ изјави тој, додавајќи дека владата нема политичка волја да ги спроведе потребните промени во правосудството и економските критериуми.

Тој оцени дека притисокот врз судството ја загрозува перспектива на земјата за напредок во пристапните преговори со Европската унија. Според него, недостатокот на резултати во клучните области може да доведе до нови услови од страна на Брисел.

Related posts

Неколку македонски министерства доцнат со реформи поврзани со ЕУ-фондови

admin

Николај Крастев: Уставните измени не се прават со бугарски диктат, Русија сака да го држи регионот надвор од ЕУ

admin

ДУИ: Македонија во НАТО без ниту еден Албанец во делегацијата

admin

Дали Фридрих Мерц е премногу стар за да биде канцелар?

admin

Од Суез до Ормуз: Како една теснина може да го урне светскиот енергетски систем

admin

Сомнителен куфер оставен пред ВМРО-ДПМНЕ, евакуирани неколку згради

admin