10.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Агелер: САД внимателно ги следат интерпелациите за Судскиот совет во Северна Македонија

Соединетите Американски Држави внимателно ги следат процедурите во Собранието и изјавите поврзани со изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет, изјави во средата американската амбасадорка во Северна Македонија, Анџела Агелер.

“Не можам да ги коментирам. Многу внимателно ги следиме процедурите во Собранието и изјавите во врска со изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет. Најважно е процесот да се одвива на јасен и транспарентен начин за сите што го следат”, рече Агелер на настанот по повод предавање на акредитацијата од Меѓународната асоцијација на директори на полициски академии за стандарди и обуки (ИАДЛЕСТ) во Центарот за обука на МВР во Идризово.

Во врска со одбиеното барање за виза на министерот за труд и социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, Агелер изјави дека САД имаат строги закони за приватност и дека не може да коментира индивидуални случаи.

“Имаме многу строги закони за приватност во Соединетите Американски Држави и затоа не можам да коментирам прашања поврзани со визи за ниту еден апликант. Би ве упатила кај министерот да ви каже што се случило. Секој апликант за американска виза е запознаен со процесот, а доколку има нешто дополнително, тоа исто така му се објаснува”, рече Агелер.

 

Related posts

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КЛУБОТ ВО БИТОЛА: БАРАМЕ ЗАШТИТА ОД ЕУ

ninja

Тужба против xAI: Мајка на дете на Маск тврди дека Grok овозможил неовластени сексуални дипфејкови

admin

Членството барало обединување на Таравари со Села

admin

Мицкоски – Брисел да даде гаранции дека нема да има идно вето

ninja

Изборниот законик пред блокада: Власта и опозицијата со спротивставени обвинувања

admin

СЕ ПОВЕЌЕ ДЕЦА ОНЛАЈН СТАНУВААТ ЖРТВИ НА СЕКСУАЛНИ ЗЛОУПОТРЕБИ

ninja