12.8 C
Скопје
13 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКАХРОНИКА

Неуролог нападнал колеги во Клиничката болница во Тетово

Во Клиничката болница во Тетово синоќа се случил сериозен инцидент, при што неуролог физички нападнал свои колеги во одделот за итна медицинска помош. Според првичните информации, лекарот претходно бил вклучен во сообраќајна несреќа, по што самиот се пријавил во итната помош за медицинска помош, пренесува порталот на Албански јазик „Pa Censure“.

Ситуацијата добила неочекуван пресврт кога неурологот почнал да се однесува агресивно кон медицинскиот персонал. Очевидци изјавиле дека тој со тупаници нападнал неколку свои колеги, создавајќи паника и тензија во болничките простории. Дежурниот лекар веднаш ја повикал полицијата, која интервенирала на местото на настанот за да ја смири ситуацијата.

Полицијата составила записник за случајот, а се очекува Јавното обвинителство да отвори истрага за напад врз службено лице за време на извршување на должноста. Според болнички извори, ова не е првпат споменатиот неуролог да има проблематично однесување на работното место.

Овој инцидент повторно ја отвора дебатата за недостатокот на внатрешна контрола и менаџмент во здравствените институции, каде што дури и лекарите, кои треба да бидат пример за професионална етика, сериозно ги нарушуваат правилата на однесување и безбедноста на своите колеги.

 

Related posts

Мицкоски откри кога одиме на гласање – првиот круг веќе доби датум!

admin

Сијарто во Скопје: ЕУ го блокира Западен Балкан, а по брза постапка ја интегрира Украина

admin

ДУИ: Милошоски нема морален кредибилитет да зборува за правда

admin

13 години без Арбен Џафери: Лидерите на Албанците во Македонија со силни пораки и емоции

admin

Што ќе каже Уставниот суд? СДСМ ја оспорува собраниската резолуција за мигрантите

admin

Кастриот Реџепи: ВМРО-ДПМНЕ не е проти АзА, тие го поддржуваат Таравари во Гостивар

admin