19.5 C
Скопје
21 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Полемика меѓу Османи и Мицкоски околу јазичните прашања

Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, му одговори на премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи, по неговите изјави дека Османи ја загрозил македонската национална идентичност.

Мицкоски, во своето обраќање, го обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) за обид за директно мешање во правосудниот систем и истакна дека Османи, како висок функционер на ДУИ, има најмала кредибилност да зборува за јазични прашања, бидејќи, како што рече, „ја продаде македонската идентичност и јазик“.

„Ако тој не ме почитува мене, тогаш не ја почитува ни сопствената мајка јазик – албанскиот јазик“, изјави Мицкоски.

Османи, во својот одговор, го повика премиерот да придонесе барем половина од тоа што тој направил за признавање и заштита на македонскиот јазик на меѓународно ниво.

“Македонскиот јазик прифатен во ЕУ и преговарачката рамка без никаква фуснота. Потпишан првиот договор со ЕУ каде се признава македонскиот јазик (ФРОНТЕКС). За меѓународната афирмација на македонскиот јазик имам повеќе јас направено отколку било кој од нив. Нека направи Премиерот Мицковски за албанскиот јазик половина од тоа што јас имам направено за македонскиот, Албанците ќе му бидат многу благодарни, но уште поважно, нека не го загрозува тоа што други пред него го направиле”, напиша Османи на неговиот Фејсбук профил.

 

 

 

Related posts

ЕУ: СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ПРЕРАНО ПОЧИНАТИ ПОРАДИ ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ

ninja

Од бесплатен роаминг до безбедносна соработка: Што постигна Балканот за 30 години?

admin

Уставните измени ќе ја кројат владината коалиција

admin

(Не)испорачана правда: Кој е виновен за пожарот во Тетово?

admin

Србија се подготвува за судири на анти-владините протести

admin

Србија во енергетска криза, Лукоил во С.Македонија прифаќа само кеш

admin