20.9 C
Скопје
18 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство: Ќе има ли предвремени избори?

Економијата, а не повеќе корупцијата, е најголемиот проблем со кој се соочува Македонија, покажува најновото истражување на агенцијата Маркет вижн, спроведено за МКД.мк од 20 март до 17 април.

Според истражувањето, граѓаните најмногу се загрижени за нивото на приходи и растот на цените, додека криминалот и корупцијата, кои традиционално беа на врвот на листата на проблеми, сега се на второ место.

ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски задржуваат убедливо водство на политичката сцена. Мицкоски ужива доверба од 25,4 отсто од испитаниците, далеку пред второпласираниот Венко Филипче од СДСМ со 3,8 проценти.

Во албанскиот политички кампус, Али Ахмети од ДУИ останува најпопуларен со 6,2 проценти поддршка, но вкупниот рејтинг на лидерите од коалицијата Вреди – Изет Меџити, Билал Касами, Арбен Таравари и Африм Гаши – го надминува рејтингот на Ахмети. Меѓу нив, најголема поддршка има Таравари, кој, според најавите, подготвува заминување од коалицијата.

Истражувањето открива дека речиси половина од испитаниците не можеле да именуваат лидер на опозицијата. Од оние кои имаат став, најчесто се споменуваат Венко Филипче (СДСМ), Али Ахмети (ДУИ) и Димитар Апасиев (Левица).

Повеќе од половина од анкетираните сметаат дека СДСМ сѐ уште не се дистанцирала од функционерите вмешани во криминални и коруптивни афери.

Истражувањето открива и висок степен на мобилизација на избирачкото тело: околу две третини од испитаниците изјавиле дека би излегле на гласање доколку изборите се одржат утре, иако кампањата за локалните избори сѐ уште не е започната.

Од оние кои би гласале, најголем дел својата поддршка би ја дале за ВМРО-ДПМНЕ. Зад нив следуваат коалицијата Вреди, ДУИ, СДСМ, Левица и ЗНАМ.

Анкетата беше спроведена преку телефонско анкетирање со компјутерска поддршка (CATI метод), на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници. Статистичката грешка е 3 проценти, со интервал на доверба од 95 проценти. Примерокот е структуриран според регионот, полот, возраста и етничката припадност, врз основа на податоците од пописот во 2021 година.

Related posts

Кочо Анѓушев стaвен во црната листа на САД

admin

Украина вели дека Русија ги гранатира ветените хуманитарни коридори

ninja

Тензиите во Кашмир се зголемуваат по нападите со дронови, и покрај договорот за прекин на огнот

admin

Ескобар: Идната влада да се залага за ЕУ и НАТО

admin

Инклузивен развој за реформи на образовните политики

admin

Нема простор за зголемување на пензиите, но неприфатливо е и платите да функционерите да растат неразумно – предупредија експертите

admin