33.8 C
Скопје
16 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Врие во ВЛЕН, Меџити: Мнозинството е стабилно

Несогласувањата во коалицијата ВЛЕН околу стратегијата за локалните избори излегоа на површина, при што Арбен Таравари јавно критикуваше, додека другите партнери остануваат оптимисти за заеднички настап.

И покрај јавните критики, ниту една од четирите партии – Беса, Алијанса за Албанците, Демократско движење и Алтернатива – не го доведе во прашање своето учество во Владата, каде ВЛЕН е коалиционен партнер со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.

Министерот за здравство, Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, на брифинг на 1 април изјави дека има „одредено незадоволство“ и „десинхронизација“ меѓу партиите во Влен, додавајќи дека според нивна анкета, довербата во Владата е 70%, додека само 30% од граѓаните се задоволни од работата на Влен.

„Ние засега не излегуваме и не планираме да излеземе од Влада, продолжуваме. Тешко е со една партија, а не пак со четири партии. Ни треба подобра синхронизација. Впечатокот кај народот е лош, дека Влен не делува како што треба“, рече Таравари.

За разлика од него, Изет Меџити од Демократското движење и Зеќирија Ибрахими од Алтернатива изразија уверување во стабилноста на коалицијата и можноста за заеднички настап на локалните избори.

„Мнозинството е стабилно“, кусо одговори Меџити на прашање на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Ибрахими оцени дека коалицијата функционира „нормално и беспрекорно“, иако призна дека има простор за корекција. „Не мислам дека ќе влијае во нашите севкупни односи и во нашето тежнеење да одиме заедно на локалните избори“, додаде тој, нагласувајќи дека Влен е формиран како „антипод на нонгратата и корумпирана ДУИ“.

Од ВМРО-ДПМНЕ кусо изјавија за РСЕ дека „коалицијата со Вреди е стабилна“.

Политичките аналитичари сметаат дека несогласувањата во Влен во моментов повеќе претставуваат внатрешнопартиско позиционирање пред локалните избори во октомври 2025 година, отколку закана за распаѓање на коалицијата.

„Како се приближуваат локалните избори, секоја од тие четири партии си има свои политички апетити… Ова повеќе го гледам како позиционирање на овие четири партии внатре за локалните избори – која каде ќе има кандидати“, изјави аналитичарот Владимир Божиновски за РСЕ.

Локалните избори во Северна Македонија треба да се одржат во октомври 2025 година. Коалицијата ВЛЕН беше формирана пред парламентарните и претседателските избори во 2024 година со цел да ја порази ДУИ по две децении на власт.

Related posts

Шлаканицата од Уставен, ветер во грб за новинарите: Државата не ги заштитила за време на „крвавиот четврток“

admin

ТЕНЗИИТЕ НА КОСОВО ГИ БРКААТ ИНВЕСТИТОРИТЕ ОД ЗЕМЈАТА

ninja

Граѓаните одрани на патарините, профитот милионски, но ЈПДП во долгови

admin

Трамп се „самопрогласи“ за Папа: Објава која предизвика бес кај католиците

admin

Гаши, Меџити и Фетаи се сретнаа со албанскиот претседател Бајрам Бегај

admin

Судот во Колорадо му забрани на Трамп да се кандидира на изборите

admin