14.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
КУЛТУРА

Женскиот феномен во фокусот: Изложба на Љуљзиме Лека Муљаку во Скопје

Самостојна изложба на уметницата Љуљзиме Лека Муљаку, насловена „Метаморфоза II“, ќе биде отворена во Чифте амам во среда, на 2 април 2025 година, во 19:00 часот, соопштија од Националната галерија.

Лека Муљаку, која припаѓа на современата уметничка сцена и твори од 90-тите години, ќе се претстави со 50 слики во акрилна техника. Нејзиниот нов циклус „Метаморфоза II“ нуди реалистичен поглед на егзистенцијалните естетски вредности, а фигуративните композиции ја отсликуваат егзистенцијалната уметност на женската невиност и достоинство, поврзувајќи се со присуството на жената во општеството.

Љуљзиме Лека-Муљаку е родена во Скопје во 1966 година. Дипломирала сликарство на Приштинскиот универзитет во 1985 година, а магистрирала во 2004 година со тезата „Жена за жената“. Докторирала во 2013 година и од 2004 година е редовен професор на Универзитетот во Тетово. Учествувала на повеќе од педесет групни изложби во земјата и странство, а имала и неколку самостојни изложби, меѓу кои и „Кој ја донесе Дорунтина“ и „Метаморфоза на меморијата“.

Изложбата ќе биде отворена до 13 април 2025 година, а куратор е Нарона Љума Весели.

Related posts

„Yellow Letters“ на Илкер Чатак ја освои „Златната мечка“ на Берлинале

admin

Северна Македонија се повлече од трката за Оскар 2025 година

admin

Филмот „Куќа од динамит“ на Нетфликс предизвика поделени реакции меѓу гледачите

admin

Француската алијанса се пресели во УЈИЕ: Нов простор за францускиот јазик и култура

admin

Културните работници без плата за Велигден, Владата и опозицијата си разменуваат обвинувања

admin

Замина Цанде, остана легендата: Македонија се простува од Гоце Тодоровски

admin