13.8 C
Скопје
12 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Директор на болница барал 20.000 евра за хоспитализација на пациент

Мухсин Арифи, вршител на должноста директор на Специјализираната болница за геријатриска медицина „13 Ноември“ во Скопје, е приведен поради сомнение за примање поткуп, соопштија во вторникот Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство.

Според првичните информации, Арифи и уште едно лице се осомничени дека примиле мито во износ од околу 20.000 евра за да овозможат хоспитализација на пациент во установата која згрижува стари лица во критична здравствена состојба. Болницата располага со ограничен број кревети, а за прием има долга листа на чекање.

Обвинителството соопшти дека постапува за целосно расчистување на случајот.

Арифи, кој е член на Алијансата за Албанците од крилото на Арбен Таравари, беше именуван за в.д. директор на геријатријата во јули 2024 година од страна на министерот за здравство. Претходно раководел со психијатриската болница во Бардовци.

Неколку часа по апсењето, партијата Алијанса за Албанците издаде соопштение, нагласувајќи дека испораката на правда мора да биде неселективна и дека секој кој се огрешил пред законот мора да одговара, без разлика на политичката или етничка припадност.

„Албанскиот народ не заслужува да го претставуваат лица кои евентуално се обидуваат нелегално да се збогатат на здравствените маки на граѓаните. Ова е недозволиво и надвор од принципите кои ги застапуваме“, се наведува во соопштението на партијата.

 

 

Related posts

Мицкоски: Нема запирање до целосна разврска – или ние – Македонија, или тие – мафијата

admin

Мицкоски: Ќе има решителни чекори и одлуки, можеби и такви на кои јавноста не е навикната

admin

Агелер: Целта на САД е да ја поддржат РСМ

admin

Масовен бојкот на маркетите во регионот: Граѓански отпор против високите цени

admin

ММФ: Над 70 проценти од оние кои ја напуштиле С.Македонија се образовани

admin

НАТО ја повика Украина да се подготви за одбрана

admin