17.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ВМРО-ДПМНЕ се спрема за “Пржинската влада”, нема да го гласа Џафери за премиер

Северна Македонија е се поблиску до изборот на новата техничка влада која што треба да раководи со државата во последните 100 дена пред пролетните избори, коишто треба да се одржат на 8 мај, јави ДВ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ сè уште не ги обелоденува имињата на двајцата министри и замениците со коишто треба да партиципира во „Пржинската влада’. Одлуката треба да се финализира в четврток (11 јануари) за кога партијата има закажано средби на највисоките органи на партијата – Извршниот и Централниот комитет на партијата, каде ќе се разговара за имињата на партиските кандидати за министри и заменици-министри.

Како можен кандидат за нов министер за внатрешни работи се споменува Наќе Чулев, кој претходно беше технички министер на чело на МВР. Тој деновиве е зачестено присутен во јавноста, изразувајќи критики за работата на МВР за кое оценува дека е „високо партизирано, пренатрупано со нововработен, неквалитетен и нестручен кадар, кој не може да испорача резултати, а немотивираноста и апатијата е главна карактеристика на безбедносниот систем“.

Опозицијата ќе партиципира во 100 дена влада, но не е расположена да му ја даде поддршката на Талат Џафери за технички премиер. За време на Божиќните празници, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за техничката влада, одговори дека неговиот став е јасен и ќе го соопшти и на Централниот и на Извршниот комитет на партијата.

„Талат Џафери не ја заслужува поддршката на ВМРО-ДМНЕ и ќе се воздржиме од гласање“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања пред Соборниот храм во Скопје.

Во декември минатата година во гостувањето во Клик Плус на ТВ21, Талат Џафери, за противењето тој да биде премиер во последните 100 дена Влада, изјави дека имало слични реакции и кога беше предложен за министер за одбрана во владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски, а имало реакции и кога беше предложен за претседател на Собранието.

Главна задача на техничката влада е да ги организира изборите. Во текот на нејзиното функционирање не може да има вработувања, унапредувања и инвестиции.

Related posts

ДАНОЧНА РЕФОРМА БЕЗ НОВИ ДАНОЦИ

ninja

ВИДЕО Од Ист Гејт до митингот на Вучиќ – бесплатен превоз, сендвичи и вода

admin

РСЕ: Растот на јавниот долг го вклучува црвениот аларм

admin

Домашно куче „бул мастиф“ усмрти дете, во Градска болница донесено без знаци на живот

ninja

Арачиново меѓу приоритетите и публицитетите

admin

Кои се 10-те најдобри градови за живеење?

admin