21.8 C
Скопје
29 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ДУИ му реагира на Мицкоски: Албанците се маргинализирани, се враќа атмосферата од пред 2001 година

 

Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагираше на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој порача дека „ДУИ треба да донесе креативни идеи“ и оцени дека „поплаките за деградација на состојбата се само обид за заштита на корупцијата“. Во реакцијата, партијата оцени дека Албанците во Северна Македонија денес повторно се соочуваат со исклученост слична на онаа од периодот пред 2001 година.

„И тогаш, како и сега, никој не сакаше да ги слушне автентичните поплаки на Албанците,“ се наведува во соопштението. „Легитимните незадоволства беа етикетирани како сепаратистички и иредентистички, а наративот дека Албанците се во добра положба беше во остар контраст со реалноста во која тие беа угнетени, исклучени и невидливи во институциите.“

ДУИ потсетува дека само по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, меѓународната заедница ја препозна системската маргинализација и дискриминација врз Албанците. Според партијата, дваесет години подоцна се повторува истата шема на негирање на реалноста, но со нова реторика.

„Ние повеќе не сме нарекувани сепаратисти или иредентисти, туку корумпирани,“ се вели во реакцијата. „Тоа е стар обид да се замагли вистината, да се пренасочи вниманието од суштинските проблеми и да се прикрие реалноста што секој граѓанин ја чувствува.“

ДУИ ја отфрли оценката на премиерот дека партијата нема идеи и додаде дека „вистинските креативни решенија за земјата“ вклучуваат почитување на Охридскиот договор и Законот за употреба на јазиците, спроведување сеопфатен ветинг на сите функционери од 1991 година наваму, како и повторно отворање на процесот на приватизација со цел расветлување на сопственоста над јавниот имот.

„Наместо големи зборови што ги прикриваат новите неправди, потребна е храброст за соочување со старите вистини,“ се наведува во заклучокот од реакцијата на ДУИ.

Ден претходно, за време на престојот во Тетово, Мицкоски ја обвини ДУИ дека ги дели граѓаните и порача дека треба да се вратат на, како што рече, „зелената агенда и џогингот по Водно“.

„Јас би ги повикал да се вратат на зелената агенда што ја промовираа пред неколку години, кога џогираа на падините на скопско Водно. Можеби при таков еден џогинг ќе им се разбистри умот и ќе дадат една квалитетна идеја“, изјави премиерот.

Related posts

Ескобар со ултиматум до Курти и Вучиќ: Имате уште два дена

admin

Ова е најсофистицираниот вирус за шпионажа

admin

РУСКИ ВОЕН АВИОН УРНАЛ АМЕРИКАНСКИ ДРОН НАД ЦРНОТО МОРЕ

ninja

Приведен бивш градоначалник на ДУИ, се трага по неговиот син

admin

Касами: Груби се залага Груевски да го врати во Македонија!

admin

Мицкоски: Постои една Академија на науките и уметностите

admin