12.8 C
Скопје
22 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски уверува дека Владата е стабилна, покрај тензиите во коалицијата

Премиерот Христијан Мицкоски во вторникот изјави дека владината коалиција останува стабилна, и покрај јавните несогласувања меѓу пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и министерот за правда Игор Филков, кој доаѓа од коалицискиот партнер ЗНАМ.

„Секој има право на лош ден. Владината коалиција е стабилна, а убеден сум дека несогласувањата ќе останат на ниво на лични ставови“, изјави Мицкоски за време на посетата на фабриката „Магна мехатроникс“ во индустриската зона ТИРЗ Штип.

Несогласувањата меѓу Милошоски и Филков се интензивираа по критиките на пратеникот во телевизиско интервју, каде што оцени дека министерот има слаби перформанси во спроведувањето на реформите во правосудството. Филков возврати преку социјалните мрежи, обвинувајќи го Милошоски за поврзаност со правосудните проблеми од минатото.

Мицкоски, одговарајќи на прашање дали постојат тензии со коалициониот партнер „Вреди“, каде што министер за здравство е Арбен Таравари, нагласи дека односите остануваат добри.

„Немам такво чувство, напротив, имаме исклучителна соработка. Владата има поддршка од 78 пратеници, што ја прави стабилна. Граѓаните можат да бидат сигурни во насоката во која се движи државата“, рече премиерот.

Критиките на Милошоски следуваат по изјавата на Таравари во интервју за „360 степени“, каде што тој посочи на недоследности во коалицијата „Вреди“.

Владата на Мицкоски, составена од ВМРО-ДПМНЕ и неколку коалициски партнери, се соочува со внатрешни тензии поради несогласувања околу правосудните реформи и распределбата на одговорностите во извршната власт.

Related posts

Светот реагира на акциите на Русија кон Украина

ninja

Ангелов: Нови ер-трактори се поевтини од штетата од пожарите

admin

Што направил архимандритот Васијан пред Бугарија да го протера?

admin

Што покажа пописот во Црна Гора?

admin

Украина ја нападна Русија, погодени згради во Москва

admin

Рамадани во бегство, СДСМ бара Тошковски да си замине

admin