20.8 C
Скопје
11 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Снимките го отворија случајот: Шест полицајци под суспензија, можно и кривично гонење

Шестмина полициски службеници ќе бидат суспендирани и против нив ќе биде поведена дисциплинска постапка по случајот од 7 октомври во Скопје, откако Внатрешната контрола на МВР утврдила неправилности во нивното постапување, соопшти заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени.

Случајот се однесува на наводи за прекумерна употреба на физичка сила врз двајца млади, за кои во јавноста беа објавени и видео-снимки.

Исени рече дека по прегледувањето на снимките, изјавите на сведоците и контролите што ги спровела Внатрешната контрола биле констатирани повеќе неправилности во постапувањето на полицајците.

„Шестмината полицајци ќе бидат суспендирани, а против нив ќе започне дисциплинска постапка“, соопшти Исени.

Млади тврдат дека биле тепани со врзани раце, Тошковски нареди истрага на полицајците

Се собираат докази и за евентуална кривична одговорност

Според заменик-министерот, постапката нема да заврши само со суспензијата.

Надлежните органи постапуваат по наредби на обвинителствата за вештачење и целосно документирање на доказите, врз основа на кои треба да се утврди дали постои и кривична одговорност.

„Ниту униформата, ниту функцијата, ниту припадноста не ослободуваат никого од примената на законот“, рече Исени.

Тој оцени дека полициската униформа подразбира одговорност за заштита на граѓаните и дека секоја злоупотреба го нарушува достоинството на граѓаните и довербата во полицијата.

Случајот предизвика политички реакции

Инцидентот предизвика реакции и од политичките партии, особено откако во јавноста се појавија снимки и тврдења дека двајцата млади биле физички нападнати од полициски службеници.

ДУИ претходно побара политичка одговорност од Исени, додека ВЛЕН инсистираше на целосно расчистување на случајот и санкции за сите инволвирани.

Пратеничката Фериде Хаџиу од ВЛЕН оцени дека суспензијата на шестемина полицајци е чекор кон утврдување одговорност.

Истрагата продолжува, а конечната одлука за евентуална кривична одговорност ќе зависи од доказите и постапувањето на обвинителството.

 

Related posts

RSE: „Воени“ правила за работниците во кинеска компанија во Србија

admin

АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ: OДЕДНАШ ПРЕДАВНИК

ninja

Агелер си обелодени плановите на САД: Ќе има нови имиња на „црните листи“

admin

СДСМ: Луѓе умираат по болници, а Таравари зборува за смена на химна и грб

admin

Јапонски министер поднесе оставка поради изјава дека добивал ориз бесплатно наместо да го купува

admin

Фетисов Наградите за новинарство отворени за глобални пријави, со фонд од 640.000 долари

admin