20.9 C
Скопје
18 мај, 2025
Inbox7.mk
НАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Пандов: Ова не е напад врз мене, туку врз институцијата што ја претставувам

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, чииот дом изгоре во понеделникот, изјави дека пожарот не бил личен напад, туку удар врз државна институција и врз напорите за борба против криминалот и корупцијата.

Во изјава за телевизија Алфа, Пандов рече дека инцидентот е насочен кон неговата службена функција, а не кон него како поединец.

„Сто отсто сум сигурен дека не е запалена куќата на Александар Пандов, туку куќата на директорот на Управата за извршување санкции. Ова не е напад врз мене, туку врз функционер на Владата на Македонија“, изјави тој.

Пожарот, кој го остави неговиот дом целосно уништен, бил пријавен од сосед. Полицијата и јавен обвинител извршиле увид на терен, а причините сè уште се испитуваат. Пандов рече дека очекува надлежните институции да утврдат дали пожарот бил подметнат.

Тој оцени дека инцидентот е порака не само до него, туку и до премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и сите кои, како што рече, се решени да се справат со криминалот.

„Борбата што ја водиме против криминалот и корупцијата ги боли тие што беа дел од поранешната власт. Ова е нивен кукавички и очаен обид да нè заплашат мене или функцијата што ја извршувам“, рече Пандов.

Тој додаде дека пожарот нема да го обесхрабри, туку уште повеќе ќе го мотивира да продолжи со својата работа.

„Удриле на погрешен човек. Ова само ме прави уште порешителен да продолжам со борбата. Верувам дека и претседателот Мицкоски и целата влада ќе бидат уште поодлучни во справувањето со криминалните структури во Македонија“, изјави тој.

Александар Пандов е назначен за директор на Управата за извршување санкции во јули минатата година. Во јавноста повеќепати говореше за лошите услови во затворите, како и за злоупотреби и скандали што се случувале со години во казнено-поправните установи.

Related posts

ЗИГЗАГ: ОМРАЗАТА КАКО АДУТ ЗА ПОБЕДА НА ИЗБОРИ

admin

Разрешување на Јовев: Политички реваншизам или злоупотреби?

admin

„Made in Veles“: Трамп картички со „милиони“

admin

Експерти од САД по изборите во Северна Македонија: Власт, значи одговорност и почитување на меѓународните договори

admin

Интервју со Такер Карлсон: Проверка на факти за „чудните “ стории на Путин

admin

Османи се стретна со Кралот Чарлс Трети

admin