28.3 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Синдикатите во Македонија протестираат за повисока минимална плата

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во вторникот одржа јавна седница на улица во знак на протест против одлуката на Владата да ја зголеми минималната плата на 400 евра, наместо 500 евра, како што бараат работниците.

Протестите се одржаа на три различни локации во Скопје, со учество на голем број синдикални членови. ССМ предупреди дека доколку не се исполнат нивните барања, ќе следуваат генерален штрајк и нови демонстрации.

„Платите на функционерите се зголемуваат без проблеми, но кога станува збор за работниците, одлуките се носат без нивно учество. Бараме минималната плата да биде 500 евра за сите, вклучително и за функционерите,“ изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Владата оценува дека проблемот на работниците бара системски пристап, откако Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) побара минималната плата да биде 500 евра или функционерите да земаат минималец.

„Популистичките компарации ја откриваат партиската позадина на дел од раководството на синдикатот“, велат од Владата, додавајќи дека тие се спротивставиле на зголемување на функционерските плати, додека ССМ молчел под владеењето на СДСМ и ДУИ.

ССМ денеска одржа јавна седница пред Собранието, Владата и Стопанската комора, барајќи укинување на одлуката за зголемување на минималната плата за 1.800 денари. Во спротивно, најавуваат штрајк. Тврдат дека Владата ја донела одлуката без согласност на Економско-социјалниот совет.

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, рече дека протестите се демократско право, но дека зголемувањето е во согласност со законот.

СДСМ не стои зад протестите на синдикатите, но ги поддржува барањата на работниците, изјави лидерот на партијата Венко Филипче.

„Платите се ниски, а цените надвор од контрола. Луѓето не можат да преживеат. Рационално е минималната плата да биде 30.000 денари“, рече Филипче, повикувајќи ја Владата да ги прифати барањата.

Тој потсети на предлог-законите на СДСМ за зголемување на минималната плата и платите во јавниот и приватниот сектор, кои, како што рече, Владата ги одби.

Протестот заврши мирно, со порака дека синдикатите остануваат отворени за дијалог, но се подготвени на понатамошни акции ако нивните барања не бидат исполнети.

 

Related posts

Туризмот колатерална штета на македонско бугарскиот спор

admin

Техничката влада пред породилни болки

admin

Власта го поврза Филипче со „Мазут“, РЕК Битола и бугарски интереси

admin

Николовски на распит за 800.000 евра, тврди дека случајот е монтиран

admin

Ахмети повика да не се повтори грешката од 2006 година

admin

По шпекулациите за Меидани, Албанија испрати јасна порака

admin