18.6 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Руското влијание на локалните избори ограничено, но подготвува база за идни парламентарни избори

Политичкиот аналитичар и претседател на Институтот за медиуми и демократија БИРС, Џелал Незири, оцени дека сегашните активности на проруски субјекти имаат ограничено влијание врз локалните избори во Северна Македонија, но создаваат потенцијална база за идно национално политичко дејствување.

„Заради природата на самите локални избори, тешко е дека овие теми и влијанија може значително да го променат јавното мислење. Сепак, присуството на идеолошки, логистички или финансиски врски со Русија, Кина и други земји, кои се спротивставуваат на нашата стратешка ориентација, е очигледно,“ изјави Незири за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според него, локалната кампања често се засенува со геополитички теми кои не се директно релевантни за граѓаните, туку служат за надворешни агенди. „Целта се следните парламентарни избори, па овие активности претставуваат ‘мека моќ’ на руското влијание,“ додаде Незири.

Незири ја нагласи и високата поддршка за евроинтеграциите: според најновото истражување на Институтот за политички истражувања, 61% од граѓаните би одговориле позитивно на референдум за членство во ЕУ.

Анализата на независни набљудувачи покажува дека, освен отворено проруската партија „Единствена Македонија“, на локалната сцена се појавуваат и други маргинални политички актери со врски кон Москва, како партијата „Родина“ и „Левица“. Тие добиваат ограничен медиумски простор, но нивното присуство ги продлабочува поларизациите и отвора можност за влијание на идните парламентарни избори.

Деспина Ковачевска од фондацијата „Метаморфозис“ истакна дека ваквите наративи ја прикажуваат Русија како алтернатива и одвлекуваат внимание од суштинските домашни проблеми, особено процесот на евроинтеграција.

Во последните месеци, проруски субјекти како вицепремиерот Иван Стоилковиќ и лидери на локални партии имаат јавно контактирано со руски претставници, одбележувајќи историски и културни настани, што според аналитичарите претставува подготовка за идни политички активности на национално ниво.

Незири заклучи: „Иако ефектот на локалните избори е ограничен, ова невидливо присуство создава основа за идни геополитички и парламентарни маневри.“

Related posts

Избори во едно, или едно по едно

admin

500 СТРАНИЦИ ЗАТЕМНЕТИ: Демократите го притискаат Трамп – Што се крие во досиејата за Епстин?

admin

Филипче ја бара формулата за враќање на СДСМ: Денеска се крои новата партиска стратегија

admin

РУСИЈА НЕГИРА ДЕКА ИМАЛО РАЗГОВОРИ МЕЃУ БЛИНКЕН И ЛАВРОВ

ninja

Касами и со владин црвен картон не го напушта стадионот во Тетово

admin

Сиљановска и Вучиќ го одбележаа 2 Август во „Прохор Пчински“

admin