27.9 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Фетаи до Ахмети: „Јас не сум ничиј слуга – тој епитет задржи го за себе“

Заменик премиерот на Северна Македонија, Арбен Фетаи, остро реагираше на изјавите на лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, кој повторно ги нарече албанските претставници во Владата „слуги“.

Реакцијата на Фетаи доаѓа откако Ахмети изјави дека „Арбен Таравари сфатил дека Албанците во Владата станале слуги кои го понижиле и девалвирале својот народ“.

„Колкаво лицемерие! Колкава безобразност! Али Ахмети, јас не сум ничиј слуга. Тој епитет задржи го за себе,“ порача Фетаи во својата објава на Фејсбук во неделата.

Фетаи го обвини Ахмети за соработка со поранешни власти кои, според него, го угнетувале албанскиот народ и ги поткопувале нивните права. Тој потсети на, како што рече, лажните апсења на Албанци под обвиненија за исламски тероризам, молкот на ДУИ за време на насилствата врз Албанци и поддршката на проекти како „Скопје 2014“, кои, според него, придонеле за маргинализација на албанскиот идентитет.

„Ти си тој што ги затвори очите пред манипулациите со пописот на штета на Албанците. Ти си најголемиот одговорен за празнењето на земјата од стотици илјади Албанци,“ изјави Фетаи.

Во своето обраќање, тој го обвини Ахмети и за лично богатење и создавање круг на блиски луѓе кои профитирале додека, според него, народот страдал.

„Албанците не забораваат. Албанците не простуваат. И не се толку наивни како што ти мислиш,“ додаде тој.

Оваа вербална пресметка доаѓа во чувствителен политички момент, пред октомвриските локални избори, кога лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари ја раскина соработката со ВЛЕН и отвара врата за соработка со ДУИ. Оваа изјава на Фетаи, кој е генерален секретар на АА и десна рака на Таравари, покажува дека соработката со ДУИ тешко дека ќе биде остварлива. Албанските партии се натпреваруваат за поддршка во политички фрагментирана сцена, а прашањето за нивната улога во Владата станува централна тема на изборната кампања.

 

 

 

Related posts

Цените растат, маркетите профитираат, владата се заканува

admin

БОРЕЛ ОЧЕКУВА НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

ninja

Николовски: Сегашниот проект за Коридор 8 нема да се работи, за нов ќе видиме

admin

Мицковски се сретна со Гир

admin

„Безбеден град“ носи небезбедни џебови: Oва е листата на казните

admin

Пукање пред Белата куќа: Тајната служба ликвидираше вооружен маж

admin