19.1 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ВЛЕН – сите против Таравари

Лидерите на партиите што се дел од коалицијата ВЛЕН негуваат различни ставови во врска со комуникацијата со Демократската унија за интеграција (ДУИ), откако Арбен Таравари изјави дека и други членови на ВЛЕН имаат контакти со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Движењето БЕСА соопшти дека нејзиниот претседател, Билал Касами, како и ниту еден друг претставник на партијата, нема комуникација со ДУИ.

„Граѓаните и поддржувачите на БЕСА знаат дека од основањето на партијата до денес никогаш не сме биле во комуникација со ДУИ кога требаше да се спасува од своите постапки, а ниту сега постои причина за тоа. Ако постоеше комуникација, ќе беше транспарентна и јавна“, се вели во соопштението.

БЕСА го нарече Ахмети „главен виновник за состојбата на Албанците во Северна Македонија“ и оцени дека неговото политичко пензионирање би било најдобро за него и за Албанците.

Партијата Алтернатива, исто така, негираше дека има контакти со ДУИ, нарекувајќи ја партијата „субјект вплеткан во корупција, криминал и злоупотреба на власта“.

„Алтернатива нема и нема да има комуникација со ДУИ и нејзиниот лидер. Не постои ниту една причина или потреба за контакт со партија чијашто водечка структура е на американската црна листа“, се наведува во соопштението.

Демократско движење (ЛД) на Изет Меџити исто така ги отфрли наводите за комуникација со ДУИ, истакнувајќи дека „нема и нема да има соработка со партија обвинета за корупција и злоупотреба на власта“.

„Јасно и недвосмислено се дистанцираме од секоја политичка структура што корупцијата ја претвори во начин на управување“, наведоа од ЛД, додавајќи дека остануваат посветени на „чиста, некорумпирана политика во служба на граѓаните“.

Таравари претходно изјави дека ВЛЕН има комуникациски канали со ДУИ, но овие наводи беа јавно демантирани преку посебни соопштенија од ЛД, Алтернатива и БЕСА.

 

Related posts

Во Чачак се степаа членови на Руската партија поради поддршката за СНС

admin

Директор на болница барал 20.000 евра за хоспитализација на пациент

admin

Трамп го поддржува Орбан пред клучните избори во Унгарија

admin

Левица обвинува за корупција зад етничка реторика, бара одговорност за урбаниот хаос во Чаир

admin

Рокас: Ќе има дипломатска офанзива во наредните месеци

admin

Стејт департмент: Северна Македонија да го одржи духот на Преспанскиот договор

admin