14.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Тошковски: За Кочани 31 во притвор, за другите трагедии – молк од институциите

Mинистерството за внатрешни работи (МВР) нема поднесено ниту една кривична пријава за трагедиите во Модуларната болница во Тетово, автобуската несреќа во Ласкарци и инцидентот со „Беса Транс“ во Бугарија, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на седницата за пратенички прашања.

„За пожарот во Кочани поднесени се кривични пријави против 34 лица, од кои 31 се во притвор. Станува збор за лица од редовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но и непартиски лица. Обезбедени се докази што создаваат основи за сомнение“, рече Тошковски.

Тој додаде дека истрагата е во тек и дека бројот на инволвирани во постапката на Обвинителството и МВР може да се промени.

Пратениците Миле Талевски од СДСМ и Блерим Беџети од ДУИ поставија повеќе прашања за истрагата за пожарот во Кочани, обвинувајќи за селективност, бидејќи одговорните во ДПБ Кочани и СПБ Штип, кои биле на работа таа вечер, не биле опфатени со истрагата. Тие, исто така, го повикаа Тошковски да поднесе оставка од морални причини.

Во одговорот кон Талевски од СДСМ, Тошковски изјави дека е „срамота да се слуша како грубо се манипулира македонската јавност со невистини, со непостоечки закони и со извртени факти, сè со цел да се извлече политичка корист од гневот на граѓаните“.

„Јас ќе зборувам исклучиво врз основа на факти од истрагата, без манипулации. Факт број еден – знаете ли колку кривични пријави има поднесено МВР за трагичната несреќа во Модуларната болница во Тетово? Нула. Знаете ли колку пријави има за трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 лица? Нула. Знаете ли колку кривични пријави се поднесени за несреќата во Ласкарци? Нула“, рече Тошковски.

Related posts

Ибрахимовиќ во посета на Советот за регионална соработка во Сараево

admin

Ниту еден македонски универзитет не се најде на листата на најдобрите 2.000 во светот

admin

МЗ ги намали максималните цени на лековите

admin

Кинеската конкуренција го тресе европскиот гигант: Четири фабрики на „Фолксваген“ пред затворање

admin

САД го засилија нападот, Иран се закани со „најтешки удари“ – Ормускиот теснец сè попразен

admin

Цензусот ќе пресуди кој ќе дава мандат за нова влада

admin