33.8 C
Скопје
16 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Апасиев му се закани на пратеник од ВМРО-ДПМНЕ: „Следен пат – ќе го тепам во пленарна!“

Собранието на Северна Македонија молчи за вербален инцидент меѓу пратениците Димитар Апасиев од Левица и Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ, кој се случил во ходниците на законодавниот дом, додека двајцата разменуваат тешки обвинувања преку медиуми и социјални мрежи.

Апасиев, во изјава за медиумите, тврди дека Ристески го навредувал и го фатил за врат, по што, според неговите зборови, реагирал за да се одбрани.

„Јас спуштив телефон и со филџанот во врат. Едно е да ме ругаш, но кога ќе ми ја пцуеш бремената сопруга и дете и ќе ме фатиш за врат – тоа нема да го дозволам“, изјави Апасиев за порталот Фокус, предупредувајќи дека „следниот пат ќе го тепа во пленарна“.

Според Апасиев, кавгата започнала кога Ристески му се доближил во собранискиот ходник и му побарал да престане со објави за неговите патни трошоци. „Му реков да престане да ми пцуе жена и деца, а тој ми одговори: ‘Не само што ќе ти пцујам, туку и ќе те изнатепам’“, изјави Апасиев.

Ристески, од своја страна, преку објава на социјалните мрежи го обвини Апасиев дека „глуми жртва“ и оцени дека неговото однесување е дел од „постојан обид за привлекување медиумско внимание“.

„Аман Димче, не плачи. Доста е“, напиша Ристески, нарекувајќи го лидерот на Левица „хистеричен“ и обвинувајќи го дека „провоцира физички и вербални конфликти“.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ исто така изрази жалење „за состојбата во која се наоѓа Апасиев“ и додаде дека неговата партија има стабилен рејтинг од „4,5 проценти, како спаринг-партнер на СДС и ДУИ“.

Од Собранието досега нема официјална реакција, и покрај обидите на повеќе новинари да добијат потврда за инцидентот и евентуална интервенција на службата за обезбедување. Според неофицијални извори, немало физичка пресметка, но ситуацијата била тензична.

Related posts

Русија и САД започнаа мировни преговори во Ријад, Украина ја отфрла иницијативата

admin

МЕШАЊЕ ВО ПАЗАРОТ ИЛИ БОРБА ПРОТИВ ПРЕХРАНБЕНИ КАРТЕЛИ?

ninja

Јовановиќ: Економската криза е резултат на владините грешки

admin

Радев со поддршка на новоизбраниот проруски патријарх Даниел

admin

Учебниците и оваа учебна година ќе доцнат, постапките биле комплицирани и долги

admin

Која партија собрала најмногу донации за изборната кампања?

admin