Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ноќеска на јавно обраќање на социјалните мрежи го обвини градоначалникот на Чаир дека дозволил дивоградби и продажба на тие станови на граѓаните, за кои рече дека никогаш нема да се легализираат.
“Кога пристигна тука да протестира, му пишав дека за 3 минути излегувам. Сакав да го соочам со документи кои го докажуваат неговиот криминал. Но избега, низ паркот тука”, рече Арсовска.
Таа посочи дека општина Чаир должи 7 милиони евра на Комунална хигиена.
https://www.facebook.com/share/v/1NQVrJuPac/