27.8 C
Скопје
14 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ганиу: Ако има прекршувања, нека постапат институциите – не Арсовска да прави шоу

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, во среда ги повика надлежните институции да преземат мерки доколку има незаконски дејства во општината, оценувајќи дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, „прави политичко шоу“ со нејзините јавни настапи и обвинувања.

„Ако има нешто незаконски, редно е да постапат органите, а не Арсовска да се однесува како истражител“, изјави Ганиу на прес-конференција, реагирајќи на серијата видеа што Арсовска ги објавува на Facebook, во кои го обвинува за дивоградби и узурпација на земјиште.

Ганиу најави тужба против Арсовска и порача дека ќе бара судски да ги докаже обвинувањата. „Јас сум избран од граѓаните. Не може градоначалник на Скопје да ми се обраќа со ‘Ајде, ти мажиште’ – тоа не е ниво на јавна комуникација“, рече тој.

Во знак на протест, Ганиу во вторникот, заедно со десетици поддржувачи, истури смет пред бараките на Град Скопје. Тој објасни дека отпадот бил собран од Чаршијата и дека со акцијата сакал да ја алармира јавноста за состојбата со јавната хигиена.

„Знаев дека тоа е противзаконски, но немав друг избор. Чаршијата е симбол на нашата историја, а вака оставена во смет пред туристи – тоа не е во ред“, рече Ганиу. Тој негира дека општината должи 7 милиони денари кон ЈП Комунална хигиена, како што тврдеше Арсовска.

Ганиу тврди дека Чаир не е меѓу првите пет општини според бројот на дивоградби, и обвини дека е цел на политичка кампања.

„Во 2011 година имаше околу 130.000 дивоградби низ Македонија. Не може сите да ги барате во Чаир. Последната зграда што ја посочи Арсовска е легализирана – тоа ќе го докажеме на суд“, рече тој. Ганиу додаде дека општината нема простор за узурпација на државно земјиште и тврди дека за време на неговиот мандат не е узурпиран ниту еден метар парк.

Тој исто така ја обвини Арсовска дека избегнува соработка со скопските општини. „Три и пол години ја молам да организира средби со сите десет градоначалници. Ги повика само двапати“, изјави Ганиу.

Ганиу посочи дека Арсовска не испорачала ниту еден капитален проект во Чаир. „Нема ниту еден денар инвестиран во Чаир. Ветуваше мега парк, обновување на булеварот ‘Цветан Димов’, бесплатен јавен превоз, но ништо од тоа не се реализира“, рече тој.

Тој предупреди на ризикот од здравствена криза поради сметот на улиците и побара конкретни мерки, наместо медиумски настапи. „Граѓаните бараат дела, не полноќни видеа“, додаде Ганиу.

Градоначалничката Арсовска, пак, доцна синоќа повторно се појави пред бараките на Град Скопје, обвинувајќи го Ганиу дека избегал по инцидентот со сметот. Таа тврди дека во Чаир има над 150 дивоградби, во кои живеат луѓе во објекти без соодветна документација, надзор или противпожарна заштита.

Арсовска најави ново вклучување во живо од Чаир и денеска, продолжувајќи ја кампањата против, како што вели, „незаконските постапки во урбанизмот на општината“.

Related posts

ВИДЕО / Мицковски го доби мандатот: Денеска ќе биде составена новата влада

admin

Голема афера во Косово, се објавуваат прислушувани снимки кои се споредуваат со “бомбите на Заев”

admin

Касами: Министерството за здравство останува кај Вреди по заминувањето на Таравари

admin

„Бела листа“ на примерни компанија, да, но во Шведска, Данска или Норвешка, не во Македонија

admin

Стармер најавува амбициозен план за одбрана со инвестиции во подморници, оружје и домашна гарда

admin

Кочанчанец се врза на бандера во Скопје, бара поддршка за повредените од трагедијата во дискотеката „Пулс“

admin