16.4 C
Скопје
18 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

ДУИ: Падот на Индексот за слобода на медиумите е сериозен сигнал за влошување на демократското управување

Падот на Северна Македонија за шест места на најновиот Индекс за слобода на медиумите на „Репортери без граници“ за 2025 година претставува сериозен показател за негативни трендови во демократското управување и односот кон критичкото мислење, соопшти Демократската унија за интеграција (ДУИ).

„Анализата укажува на сериозни слабости – од политичкиот контекст и законската рамка, до економските притисоци и безбедноста на новинарите“, наведува партијата.

ДУИ оценува дека најзагрижувачки е фактот што извештајот јасно ја посочува појавата на паралелни медиумски системи, директно поврзани со политички и економски центри на моќ, кои влијаат врз уредувачките политики и ја поткопуваат довербата на граѓаните.

„Наместо да обезбеди институционална независност, Владата избра да го продлабочи клиентелизмот преку нови механизми на влијание, вклучувајќи и рекламирање на јавни институции во приватни медиуми – што повторно го отвора прашањето за транспарентноста и еднаквиот третман на медиумскиот сектор“, посочува ДУИ.

Партијата ја потсетува Владата дека односот кон медиумите е директно огледало на зрелоста на една демократија.

„Наместо селективна поддршка и политички приспособени уредувачки пристапи, неопходно е да се поттикнат професионалните стандарди, независноста на јавниот сервис, заштитата на новинарите и институционалната подготвеност за одговор на критичко известување со отчетност, а не со притисоци“, се наведува во соопштението.

ДУИ изрази поддршка за секој процес што води кон транспарентност, медиумски плурализам и професионализација, во согласност со европските стандарди кон кои земјата тежнее.

 

Related posts

Рама ги насмеа европските лидери

admin

61-годишна баба сака дете со нејзиниот 24-годишен сопруг

admin

Левица купила имот во центарот на Скопје по 700 евра за квадрат, Мицкоски бара истрага

admin

Кој е Пригожин, “готвачот” кој тргна по главата на Путин?

admin

Кина и Русија испраќаат воени бродови во близина на Алјаска, САД одговараат со разурнувачи на морнарицата

admin

ПОТПИШАН ИЛИ НЕ, ДОГОВОРОТ ОД ОХРИД Е ЗНАЧАЕН

ninja