29.8 C
Скопје
14 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски го исполни ветувањето: 16.057 лица ќе добијат директна поддршка за старт-ап бизниси за млади

Претседателот на Владата на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција соопшти дека согласно оперативниот план за 2025 година ќе бидат опфатени вкупно 16.057 невработени лица, од кои 12.537 ќе бидат вклучени во активни мерки за вработување, а 3.520 во услуги за пазарот на трудот.

Оперативниот план за вработување вреди 40 милиони евра и предвидува дека 65 проценти од опфатените ќе бидат млади лица до 29 години.

„Еден од главните приоритети на оваа Влада е зголемување на благосостојбата на граѓаните, намалување на невработеноста и креирање на ефективен пазар на труд. Со оперативниот план, кој беше усвоен на последната седница, ќе бидат опфатени над 16 илјади граѓани,“ рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека мерките вклучуваат директна финансиска поддршка за старт-ап бизниси на млади, со по 10.000 евра за секој млад човек кој ќе отвори бизнис, како и до 20.000 евра за заеднички бизнис ако двајцата основачи се млади.

Дополнително, во планот се предвидува вработување на 400 пожарникари за справување со пожари на општинско ниво, како и ангажирање на 600 лица за јавни работи и инфраструктурни проекти.

„Мерките се фокусирани на млади, долгорочно невработени и корисници на минимална помош, со цел креирање на нови работни места и зголемување на вработеноста,“ нагласи Мицкоски.

Премиерот истакна дека планот е дел од напорите да се надминат предизвиците од последните години, вклучувајќи нестабилност на пазарот, инфлација и недостиг од редовна исплата на плати.

Related posts

Веб-страници за ширење дезинформации никнуваат како печурки во Бугарија

admin

Расте бројот на пациенти на Онкологија, а биолошка терапија само за четвртина

admin

Има ли власта привилегирани општини?

admin

САД подготвува специјален суд за руските злосторства во Украина

admin

Премиерот на Велика Британија за полот: „Мажот е маж, а жената е жена“

admin

Ново војно жариште на Блискиот Исток – Израел и Иран на раб на војна!

admin