14.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Села: Движењата на Таравари треба внимателно да се следат од Европскиот фронт

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, изјави дека претходно треба да се добие јасен став од Арбен Таравари пред да се одговори дали тој ќе се приклучи на коалицијата Европски фронт.

„Господинот Таравари е симбол на личност која, додека дејствувал на политичката сцена, повеќе рушел отколку градел. Од моментот кога јас основав политичка партија, тој не е симбол на градење,“ рече Села.

Тој додаде дека движењата на Таравари треба да се разгледуваат со големо внимание од страна на Европскиот фронт, бидејќи политиката бара јасни ставови.

„Ставот треба да биде јавно изразен. За мене не е став ако влезе во она што нè чека на следните локални избори и рече дека ќе соработува со сите, односно дека ќе земе од сите, а што ќе врати во замена? Ништо,“ нагласи Села.

Related posts

УЈИЕ учествува на Првиот форум за квалитет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

admin

Еурактив: Односите Софија-Скопје се влошуваат

admin

Инфлацијата падна на 2,3%, но дали граѓаните го чувствуваат тоа во паричникот?

admin

Незири: Наместо за европеизација ние зборуваме за дестабилизација

admin

Почина Ведрана Рудан: Жената која дваесет години му го кажуваше на Балканот она што не сакаше да го слушне

admin

САД ја повикаа Србија да ги истражи наводите за изборни нерегуларности

admin