16.8 C
Скопје
14 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски: Нема аргументи за нови отстапки кон Бугарија

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во интервју за Euronews Србија изјави дека нема правна или политичка основа за прифаќање на нови барања од Бугарија, предупредувајќи дека претходни влади направиле отстапки под притисок за останување на власт.

„Корумпирани политичари во минатото прифаќаа сè и сешто, верувајќи дека така ќе си ги спасат позициите и ќе избегнат одговорност за криминалните скандали,“ рече Мицкоски во емисијата „Директно со Миња Милетиќ“.

Премиерот посочи дека, доколку Уставот се прошири со нови етнички заедници, логично се поставува прашањето зошто Македонците во западна Бугарија не добиваат сличен статус. Тој се повика на 14 пресуди од Европскиот суд за човекови права што, како што рече, ја потврдуваат дискриминацијата кон македонската заедница во Бугарија.

„Бугарија има потпишано резолуции за заштита на човековите права, но не ги спроведува. Од друга страна, во Македонија нема ниту една пресуда за дискриминација врз Бугарите,“ рече Мицкоски.

Тој ги нарече „лицемерие и двојни стандарди“ барањата Македонија да направи нови отстапки заради европската перспектива, додека Бугарија, според него, не ги исполнува обврските.

„Ако човековите права се критериум, тогаш единствената релевантна институција е Судот во Стразбур. Таму има 14 пресуди за прекршување на правата на Македонците во Бугарија, и ниту една за бугарското малцинство во Македонија,“ изјави премиерот.

Мицкоски додаде дека државата веќе направила значајни отстапки – од промена на знамето, преку користење на привременото име, до промената на уставното име – без да добие трајна гаранција за европска интеграција.

„Ветив дека ќе се борам, и дека аргументите ќе ги пренесам низ светот – во Вашингтон, Лондон, Брисел, Берлин, Рим, Париз,“ рече премиерот. „Ова се историски процеси, и само преку меѓународна афирмација можеме да ја зајакнеме нашата позиција.“

 

.

 

 

Related posts

Столтенберг: Најбрз начин да се стави крај на војната во Украина е да се загуби, но нема да донесе мир

admin

Саманта Пауер: Руската инвазија на Украина влијае на светската безбедност на храната

ninja

Гордана Сиљановска- Давкова: Првата македонска претседателка

admin

Епидемија на недоверба: Граѓаните разочарани од институциите, покажа новото истражување на ИКС

admin

Лидерите на С.Македонија му честитаа на Трамп

admin

Мицкоски: Почитување на правата на Македонците во Бугарија — тест за европските вредности

admin