20.9 C
Скопје
18 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Муцунски во Лавов: Северна Македонија ја поддржува иницијативата за специјален трибунал за агресијата врз Украина

Mинистерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, во петокот ја заврши својата еднодневна работна посета на Украина, каде што во Лавов учествуваше на министерскиот состанок за формирање Специјален трибунал за злосторство на агресија против Украина и на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ.

Муцунски, кој беше единствениот министер од Западен Балкан на состанокот, допатува по покана на украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибига и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.

„Ја реафирмиравме принципиелната поддршка на Северна Македонија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и за воспоставување правна одговорност за актите на агресија“, изјави Муцунски, повикувајќи на итен и безусловен прекин на огнот од страна на Русија и ангажман за постигнување праведен и одржлив мир.

Во рамките на посетата, министрите оддадоа почит на украинските борци погребани на гробиштата Личакив во Лавов.

 

 

Related posts

ЗОШТО САМОРЕГУЛАЦИЈАТА СТАНУВА ВАЖНА АЛАТКА ЗА ОДБРАНА НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ВРЕДНОСТИ?

admin

Сертификатот од Кембриџ е безвреден само во партиските назначувања

admin

Косово утре гласа по тензична предизборна кампања

admin

ПОЕВТИНА СТРУЈА ЗА 518 КОМПАНИИ, УЧИЛИШТА И ИНСТИТУЦИИ

ninja

Лога ја отвори Пандорината кутија а бугарските здруженија со пропаганда за „олеснување “ на чекорите до бугарски пасош

admin

Словачка меѓу Русија и Западот

admin