20.9 C
Скопје
18 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

С. Македонија назадува на ранг-листата за слобода на медиумите

Северна Македонија падна шест места на годинешниот Индекс за слобода на медиумите на „Репортери без граници“ (РСФ), позиционирајќи се на 42-то место од вкупно 180 држави.

Во извештајот на РСФ се наведува дека и покрај отсуството на директно непријателско опкружување, новинарите се соочуваат со дезинформации и недостиг на професионални стандарди, што доведува до ерозија на довербата во медиумите и зголемена изложеност на независните медиуми на напади и притисоци.

„Владините функционери често демонстрираат негативен и понижувачки однос кон новинарите“, стои во образложението на РСФ.

Според петте индикатори што ги користи организацијата, Северна Македонија бележи пад кај политичкиот, социјалниот и економскиот показател, додека има благо подобрување во правната рамка и безбедноста на медиумските работници.

Во регионот, Словенија е највисоко рангирана на 33-то место, напредувајќи за девет позиции. Црна Гора се искачи за три места и се наоѓа на 37 позиција. Албанија забележа напредок од 19 места, до 80-та позиција, додека Босна и Херцеговина падна пет позиции и е на 86-то место. Хрватска е на 60-то место, што е пад од 12 места.

Србија е рангирана на 96-то место, со благ напредок од две позиции, но останува на дното во Европа – пред само Косово, кое е на 99-то место.

На глобално ниво, САД паднаа две места и се наоѓаат на 57-то, Русија е на 171-во, а Кина на 178-мо место. На врвот на листата се Норвешка, Естонија, Холандија, Шведска и Финска.

Германија испадна од првите десет и сега е на 11-то место, при што РСФ го посочува „сè понепријателското опкружување“ за новинарите, особено поради нападите од екстремната десница.

 

 

 

Related posts

ВООРУЖЕНИ ПРЕСМЕТКИ НА БАНДИТЕ КАКО НА ФИЛМ, ИСТРАГАТА Е ВО ТЕК

ninja

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ БРАЗИЛСКИ ФУДБАЛЕР ПЕЛЕ

ninja

Красниќи од бегалец до привилегиран затвореник

admin

ДУИ и ВЛЕН разменуваат обвинувања за корупција и изборни манипулации

admin

Радев ги почна консултациите за мандатар за нова влада во Бугарија

ninja

Мицкоски на средба со новиот претседател на Советот на ЕУ

admin