27.8 C
Скопје
14 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Хамбург: 17 повредени во напад со нож, четворица во критична состојба

Германските власти соопштија дека во напад со нож на главната железничка станица во Хамбург биле повредени 17 лица, од кои четворица се во животна опасност.

Германскиот канцелар Мерц разговараше телефонски со градоначалникот на Хамбург, Петер Чентшер, и понуди поддршка од федералната влада.

„Вестите од Хамбург се шокантни. Моите мисли се со жртвите и нивните семејства. Му благодарам на итниот персонал за нивната брза интервенција,“ напиша Мерц на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер).

Осомничената за нападот со нож во Хамбург испратена на психијатриско лекување

Жената осомничена за нападот со нож на главната железничка станица во Хамбург во петокот, со судска наредба во саботата е сместена во психијатриска установа, соопшти полицијата.

Судијата ѝ одреди притвор поради обид за убиство и 15 дела на тешка телесна повреда.

Полицијата претходно во саботата соопшти дека не постојат индиции за политички мотиви зад нападот. „Има многу конкретни укажувања дека осомничената страда од ментално растројство,“ соопшти полицијата, без да даде дополнителни детали за нејзината здравствена состојба.

Станува збор за 39-годишна германска државјанка од Долна Саксонија без постојано место на живеење. Полицијата додава дека нема докази дека била под дејство на алкохол или дрога.

Случаените минувачи ја спречиле осомничената

Нападот се случил во петокот околу 18:00 часот по локално време на пероните 13 и 14 на централната железничка станица во Хамбург, предизвикувајќи масовна полициска и спасувачка интервенција.

„Брзата реакција на двајца минувачи овозможи нападот брзо да биде запрен,“ соопшти полицијата во саботата.

Осомничената била веднаш уапсена и не давала отпор при приведувањето. Истражителите сметаат дека се работи за поединечен напаѓач. Ножот со кој било извршено кривичното дело е обезбеден како доказ, а бројни очевидци ќе бидат повикани на распит.

Сите повредени се во стабилна состојба

Во нападот биле повредени вкупно 18 лица на возраст од 19 до 85 години. Четири лица – три жени (на возраст од 24, 52 и 85 години) и еден 24-годишен маж – биле хоспитализирани со животозагрозувачки повреди.

Седум лица се здобиле со сериозни повреди, а уште седум со полесни. Полицијата соопшти дека сите повредени се во стабилна состојба.

Градоначалникот на Хамбург, Петер Чентшер, изјави дека дел од повредените се веќе пуштени од болница. „Ова е големо олеснување. Им посакувам брзо и целосно закрепнување,“ напиша Чентшер на социјалната мрежа Х.

Четворица повредени се од сојузната покраина Бремен. Тамошниот градоначалник, Андреас Бовеншулте, изјави дека е „длабоко потресен“ од нападот. „Добивме охрабрувачки вести дека сите 18 повредени се надвор од животна опасност. Им посакувам брзо закрепнување.“

Во сабота наутро, железничкиот сообраќај на централната станица во Хамбург се одвиваше нормално, потврди портпаролка на Дојче Бан за агенцијата ДПА.

Related posts

Мерц го чекаат тешки преговори, па уште потешки проблеми

admin

Собранието се подготвува за седницата број 1

admin

Милановиќ обезбеди историска победа на претседателските избори: ХДЗ во шок

admin

Германија: Предизборна мобилизација во полн ек

admin

Очекувањата на Мицкоски од идната влада предизвикуваат реакции во Бугарија

admin

САД и Украина го разгледуваат клучниот договор за ретките минерали

admin